Забава
50-те најсекси мажи на сите времиња според „Харпер базар“
Списанието „Харпер базар“ објави листа на 50 најсекси мажи на сите времиња.
Напоменуваат дека сексапилноста нема врска со изгледот (иако секако придонесува за тоа), туку сѐ зависи од тоа како се однесуваат мажите. Сексапилноста, се наведува во текстот, зависи од самодовербата, вештините и од харизмата на мажот. На врвот на листата се најде легендарниот Џејмс Дин, кој воодушевуваше со својот изглед и со глумата во педесеттите.

Неговиот најпознат филм е „Бунтовник без причина“ во кој глумеше како Џим Старк. Глумеше и во филмовите „Источно од рајот“ и во „Џин“ за кои беше номиниран за „Оскар“. Тој стана првиот актер постхумно номиниран за „Оскар“ и до денес е единствениот што постхумно бил номиниран двапати.

Џејмс Дин загина во автомобилска несреќа кога имаше 24 години. Тој остави неизбришлива трага во филмската историја иако глумеше само во неколку филмови.

Џејмс Дин на листата го следат Марлон Брандо, Кери Грант, Рок Хадсон и Пол Њуман. На листата се најде и принцот Хари, кој го зазеде 25. место. Меѓу нив беа и Рајан Рејнолдс, Дејвид Бекам, Зејн Малик…

Еве како изгледа целата листа:
Џејмс Дин
Марлон Брандо
Кери Грант
Рок Хадсон
Пол Њуман
Елвис Присли
Стив Меквин
Роберт Редфорд
Клинт Иствуд
Ричард Гир
Дензел Вашингтон
Курт Кобејн
Џорџ Клуни
Бред Пит
Леонардо ди Каприо
Рики Мартин
Хит Леџер
Џаред Лето
Фарел Вилијамс
Џастин Тимберлејк
Лени Кравиц
Рајан Филип
Идрис Елба
Џејк Гиленхал
Принцот Хари
Џон Стамос
Тајсон Бекфорд
Орландо Блум
Рајан Гослинг
Џон Леџенд
Рајан Рејнолдс
Бредли Купер
Ченинг Тејтум
Метју Меконахи
Дрејк
Џон Чо
Џон Хам
Мајкл Б. Џордан
Дејвид Бекам
Рами Малек
Доналд Гловер
Џо Манганиело
A$AP Роки
Александар Скарсгард
Дев Пател
Хенри Кавил
Крис Хемсворт
Зејн Малик
Махершала Али
Кери Фукунага
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

