Македонија
Министерот Муртезани ја презентира реформската агенда пред новинарите
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово одржа тематски работен појадок со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на Северна Македонија, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија.
Овој настан беше можност за информирање на медиумите за клучните аспекти на Агендата, која се фокусира на спроведувањето на суштински социо-економски и фундаментални реформи во периодот 2024-2027 година, во согласност со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.
Муртезани ги претстави главните елементи на Реформската агенда, вклучувајќи ја правната основа, структурата на реформите и индикаторите за нивно следење. Посебен акцент беше ставен на чекорите и условите за плаќање според Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој предвидува исплати врз основа на задоволително исполнување на реформските чекори. Преку оваа Агенда, земјата ќе добие пристап до финансиската помош на Европската Унија, со што се овозможува значително економско интегрирање и усогласување со европските стандарди.
Муртезани истакна дека соработката со Европската комисија продолжува преку постојано следење на напредокот и исполнувањето на договорените реформи, со посебен фокус на владеењето на правото, борбата против корупцијата, развојот на пазарната економија и зајакнувањето на институциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

