Свет
(Видео) Маж со нож нападнал луѓе во супермаркет во Санкт Петербург, има повредени
Во Санкт Петербург маж нападнал луѓе со нож во супермаркет, има повредени, соопшти Националната гарда на Русија.
Напаѓачот бил разоружан, но чуварот и некои потрошувачи биле повредени, пишува „РИА новости“.
Како што се додава, повредени се 4 лица, кои се хоспитаизирани, а уапсен е 44-годишен локален жител.
Се очекува набргу да пристигнат повеќе информации за нападот.
В Петербурге неизвестный набросился с ножом на покупателей гипермаркета, три человека ранены. pic.twitter.com/UOEAXIQOnw
— 🇵🇱Zły niedźwiedź🇺🇦 (@RomanKLGD) October 25, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ со Фон дер Лајен: Сѐ додека јас сум претседател, Србија ќе остане на европскиот пат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ.
На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати.
Тој истакна дека имал многу долг, крајно отворен и искрен разговор со Фон дер Лајен и дека има работи за кои Европската Унија ја критикува Србија, но дека претседателот на ЕК секогаш бил подготвен да ја сослуша нивната страна.
Како што рече, разговарале за определбите на Србија.
„Јас ѝ го кажав истото тоа што ви го кажав вчера. Колку и да размислуваат поинаку некои луѓе, јас сум претседател на Републиката со највисок легитимитет во државата, избран директно од граѓаните двапати по ред во првиот изборен круг, што никогаш не се случило во нашата историја, а додека јас сум претседател, нема промена на главните цели на нашата надворешна и внатрешна политика. Тоа значи дека нашиот европски пат е и наше застапување за европска Србија и е од клучно значење за нашиот напредок, дека Србија ќе се посвети на работа на тој пат и дека се надеваме на резултати“, изјави Вучиќ.
Тој ѝ честита на Урсула фон дер Лајен за нејзиниот реизбор на функцијата претседател на Европската комисија и ѝ се заблагодари за поддршката што ѝ ја дала на Србија во претходниот мандат и додаде дека се надева оти тоа ќе продолжи да го прави и во овој мандат, пренесува „Танјуг“.
„Има една работа што луѓето во Србија многу ја почитуваат. Кога ни доаѓаат гости, речиси сите доаѓаат во Белград кога се во прашање високи делегации, официјални посети во нашата земја и двапати отидовме далеку од Белград, далеку од урбаните средини, а тоа е нешто што нашите граѓани, нашиот народ, исклучително го почитуваат и ценат, ви благодариме за поддршката и помошта што ни ја дадовте во претходниот период“, рече Вучиќ.
Свет
Зеленски одбил да го прими генералниот секретар на Обединетите нации
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан во Русија, каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за АФП висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.
„По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета“, рече функционерот, кој сакаше да остане неименуван.
Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол.
Кремљ сѐ уште не објави никакви информации за содржината на нивните приватни разговори. Пред средбата Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за праведен мир во Украина. Уште пред разговорите меѓу Путин и Гутереш, Киев го критикува погрешниот избор на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го нарушило угледот на ОН“.
Регион
Eвакуиран aеродромот во Сараево поради дојава за поставена бомба
Поради анонимна дојава дека на Меѓународниот аеродром во Сараево била поставена експлозивна направа, патниците биле евакуирани, пренесува „Кликс“. Во тек е увид на пиротехничарите, кој ќе трае неколку часа.
„По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи во просториите на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки во согласност со важечките безбедносни протоколи. Се врши детален интервентен преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции, обезбедена е целосна безбедност на сите патници и на вработените на аеродромот.
Ги молиме граѓаните за разбирање и благодариме за трпението. Меѓународниот аеродром во Сараево ќе продолжи да ја следи ситуацијата и навремено ќе ги пренесеме сите дополнителни информации“, соопштија од аеродромот.
Покрај аеродромот, дојава за бомба добиле и три средни училишта во Сараево, пренесува „Кликс“. Евакуирани се и училиштата, пишуваат локалните медиуми.