Македонија
Дурмиши: Безбедноста и здравјето на работниците се наш приоритет, работиме на рергулатива за новите предизвици во секторот
Безбедноста и здравјето при работа е тема која не е само дел од нашите професионални обврски, туку нешто многу поголемо. Тоа е прашање на човечност, на грижа за секој поединец и на заштита на она што е најдрагоцено – животот, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешното обраќање на настанот по повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, кој се одржа во организација на Министерството за економија и труд во соработка со Советот за безбедност и здравје при работа и во партнерство со Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“
„Во време на дигитализација, кога технологијата секојдневно ги менува нашите работни места, воодушевени сме од сите придобивки што таа ги носи – од поедноставување на процесите, до зголемување на ефикасноста. Таа ни овозможува да избегнеме многу физички ризици, да ги автоматизираме ризичните задачи и да ја зголемиме продуктивноста. Но, технологијата не е одговор на сè. Дигитализацијата носи нови предизвици кои не се толку видливи, но се подеднакво важни – менталниот товар на работниците, стресот од постојаното присуство во дигиталниот свет, оддалеченоста од традиционалната работна средина и притисокот да се биде постојано достапен“ кажа министерот Дурмиши.
Министерот потенцираше дека Министерството за економија и труд е посветено на развивање на регулативи кои ќе одговараат на новите предизвици што ги носи дигитализацијата. Работиме на создавање на законска рамка која ќе ги земе предвид и физичките и психо-социјалните аспекти на работата во современиот свет. Клучно е да работиме на усогласување на новите технологии со политиките за безбедност и здравје. Дигиталните алатки можат да ни помогнат во следењето на здравствените ризици, но не смееме да создадеме средина која е нездрава или стресна за работниците. Менталното здравје е подеднакво важно како и физичката безбедност на работниците.
„Како министер, но и како човек, верувам дека нашиот прв приоритет треба да бидат луѓето, затоа што и во сржта на секоја промена, на секој технолошки развој, стојат луѓето. Мораме да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и менталното здравје на работниците. Законот и регулативите се важни, но поважно е, како општество, да изградиме нов образец на работно место – каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство“ кажа Дурмиши и додаде дека безбедноста и здравјето при работа не е одговорност само на владата или институциите.
“Тоа е заедничка одговорност. Сите – од работниците, преку работодавачите, до институциите – мора да соработуваат за да се обезбеди безбедна и здрава работна средина. Културата на безбедност и грижата за здравјето треба да биде вградена во секојдневната работа на сите нивоа.
На крај, сакам да нагласам дека технологијата е тука за да ни помогне, но човечкиот фактор останува клучен. Наша задача е да осигураме дека дигиталниот напредок оди рака под рака со грижата за здравјето и благосостојбата на работниците. Напредокот и технологијата можат да создадат подобар свет, но само ако тој свет е изграден врз основа на безбедност, доверба и грижа за луѓето“ потенцираше министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

