Свет
Израелската армија тврди: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслим
Еден од командантите на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслим, е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти утрово израелската армија.
Во соопштението се наведува дека Аднан Муслим е одговорен за многуте ракетни напади врз израелските војници и Израелците од областа Аитарун во јужен Либан, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелската армија посочува дека во текот на изминатиот ден извршила напади врз речиси 200 цели на либанската милитантна група Хезболах во Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија планира да купи 600 крстосувачки ракети Таурус
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус има намера да купи уште 600 крстосувачки ракети Таурус, во врска со честите барања на Украина за испорака на ракети со долг дострел, но тој се уште не ги обезбедил потребните финансиски средства за тоа.
Писториус сака да купи напредна верзија „таурус нео“, по вкупна цена од околу 2,1 милијарди евра за 600 проектили, со првите испораки во 2029 година, објави Ројтерс/
Проектот за набавка на крстосувачки ракети со долг дострел е претставен во буџетските документи за 2025 година само како опција, бидејќи се очекува најголем дел од парите да бидат обезбедени во следните години.
Регион
Вучиќ со Фон дер Лајен: Сѐ додека јас сум претседател, Србија ќе остане на европскиот пат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ.
На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати.
Тој истакна дека имал многу долг, крајно отворен и искрен разговор со Фон дер Лајен и дека има работи за кои Европската Унија ја критикува Србија, но дека претседателот на ЕК секогаш бил подготвен да ја сослуша нивната страна.
Како што рече, разговарале за определбите на Србија.
„Јас ѝ го кажав истото тоа што ви го кажав вчера. Колку и да размислуваат поинаку некои луѓе, јас сум претседател на Републиката со највисок легитимитет во државата, избран директно од граѓаните двапати по ред во првиот изборен круг, што никогаш не се случило во нашата историја, а додека јас сум претседател, нема промена на главните цели на нашата надворешна и внатрешна политика. Тоа значи дека нашиот европски пат е и наше застапување за европска Србија и е од клучно значење за нашиот напредок, дека Србија ќе се посвети на работа на тој пат и дека се надеваме на резултати“, изјави Вучиќ.
Тој ѝ честита на Урсула фон дер Лајен за нејзиниот реизбор на функцијата претседател на Европската комисија и ѝ се заблагодари за поддршката што ѝ ја дала на Србија во претходниот мандат и додаде дека се надева оти тоа ќе продолжи да го прави и во овој мандат, пренесува „Танјуг“.
„Има една работа што луѓето во Србија многу ја почитуваат. Кога ни доаѓаат гости, речиси сите доаѓаат во Белград кога се во прашање високи делегации, официјални посети во нашата земја и двапати отидовме далеку од Белград, далеку од урбаните средини, а тоа е нешто што нашите граѓани, нашиот народ, исклучително го почитуваат и ценат, ви благодариме за поддршката и помошта што ни ја дадовте во претходниот период“, рече Вучиќ.
Свет
Зеленски одбил да го прими генералниот секретар на Обединетите нации
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан во Русија, каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за АФП висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.
„По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета“, рече функционерот, кој сакаше да остане неименуван.
Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол.
Кремљ сѐ уште не објави никакви информации за содржината на нивните приватни разговори. Пред средбата Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за праведен мир во Украина. Уште пред разговорите меѓу Путин и Гутереш, Киев го критикува погрешниот избор на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го нарушило угледот на ОН“.