Македонија
Референт во станица за технички преглед издал сообраќајна дозвола на лице што не е сопственик на возило, ќе се соочи со кривична и дисциплинска
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешниработи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот Ф.М. во својство на овластено службено лице – референт за управни работи вработен во Одделение за управни работи – Скопје како деташиран референт во станица за технички преглед во Сарај, во електронскиот систем на МВР преку апликацијата за печатење на сообраќајни дозволи направил промена на сопственост на моторно возило „ауди а5“ и издал сообраќајна дозвола на лице кое не е сопственик на возилото без да бидат исполнети условите за регистрација, врз основа на барање кое не било поднесено лично од сопственикот на возилото и без веродостоен доказ за сопственоста на возилото, што е спротивно на член 31 од Законот за возила, објави МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување – суспензија од работното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена. Венко Филипче е стар и истрошен лик, облечен во ново руво, наречено претседател на СДС. Филипче е лице кое што на македонската политичка сцена беше активен во СДС и во водењето на државата во најтемните, најсрамните и најтешките периоди на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој е човекот на кого како министер за здравство во модуларната болница во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, кои во болница дошле со надеж да оздрават и за што не понесе никаква одговорност.
Филипче не понесе одговорност дури ни за високата смртност од корона вирусот, по што Македонија на стави на врвот на светските и европски листи.
Филипче е потрчко и продолжена рака на неговиот другар Зоран Заев со кој, за заедно да лумпуваат на приватни и скапи журки по елитни хотели, одат дури во далечниот Дубаи.
Филипче, кој е неврохирург на Заев не може да внесе свежина ниту во СДС, а најмалку на политичката сцена во Македонија.
Тоа се гледа и во составот на неговото избрано раководство, каде во нивниот Централен одбор, има се само не нови ликови. Немањето визија и кадри за учество во новото раководство се гледа и по изборот на Фани Каранфилова Пановска за неговиот заменик, која е поранешна директорка на Отворено општество Сорос и која ја интересираат само високите хонорарци.
Во ЦО има лица кои што биле на високи партиски и државни позиции, случајно или не, во периодот кога со партијата раководел неговиот ментор и духовен водач, Зоран Заев.
На листата на членови има Централниот одбор има поранешни пратеници, градоначалници, директори, министри, заменици министри, поранешни и сегашни претседатели на општинските партиски организации и сите од периодот на владеење на Заев.
Така да, Венко Филипче, неврохирургот на Заев и неговите избрани 40 потрчковски, не можат да донесат ништо ново ниту добро, како ни за СДС така ни за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност
Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје Ирена Витина, за обезбедувањето на 6-те еколошки автобуси и ја оценува како тендециозна, навредлива и со цел да се намали кредибилитетот на институцијата и на министерот Изет Меџити.
„МЖСПП ја информира јавноста, а особено спомената советничка која не е доволно информирана, дека набавката на овие автобуси е само една активност од акциската ЕУ програма за еколошки стандарди и чист воздух и е дел од целосната Програма за животна средина и климатска акација во рамки на ИПА 3 помошта од ЕУ.
Активностите од оваа Програма се испрограмирани на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со сите вклучени страни, меѓу кои е и Градот Скопје, одобрени од Владата РСМ и прифатени од страна на ЕУ Комисијата за финасирање“, велат од Министерството
„Програмата за чист воздух содржи повеќе компоненти за кои повеќе пати сме информирале, се спроведува под директно управување од страна на Делегацијата на Европската Унија. Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно за следење на имплементацијата на Програмата и е корисник на истата, а конретно на оваа активност Градот Скопје е краен корисник.
Нагласуваме дека МЖСПП ги програмира сите активности што се финансираат ЕУ инструментот ИПА, ја следи имплеменатцијата и известува кон ЕУ Комисијата за постигнатите цели од реализација на ИПА проектите.
Добро би било советничката на Град Скопје Ирена Витина подобро да се информира пред да излезе во јавност со вакви невистини. Дополнително за нејзино информирање, покрај грант средставата од ЕУ, Владата на Република Северна Македонија обезбедува и национална контрибуција за целата Програма“, соопшти Министерството.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.