Свет
Проруската партија победи на изборите во Грузија
Владејачката партија Грузиски сон победи на изборите.
Партијата којашто опозицијата го обвинува за проруски наратив, освои 53 отсто од гласовите наспроти 38,28 за блокот од четири проевропски партии, објави синоќа изборната комисија.
„Како што покажаа резултатите објавени од Централната изборна комисија, Грузискиот сон освои солидно мнозинство во новиот парламент, изјави за новинарите извршниот секретар на партијата Мамука Мдинарадзе.
Првиот странски лидер кој реагираше на изборните резултати беше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја поздрави големата победа на владејачката партија.
Брисел предупреди дека од исходот на овие избори ќе зависат шансите таа поранешна советска република на Кавказ со околу четири милиони жители ќе се приближи до ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Илон Маск: Вистинската закана за демократијата се оние кои го обвинуваат Трамп за истото
Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека вистинската закана за демократијата ја претставуваат оние кои за такво нешто го обвинуваат поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп.
Маск одговараше на прашања на учесниците на предизборниот митинг за поддршка на Трамп во сојузната држава Пенсилванија. Маск јавно ја поддржа кандидатурата на Трамп и донираше 75 милиони долари за неговата кампања.
Потсетувајќи го на немирите во американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година, еден од учесниците на состанокот го праша Маск што мисли за реториката на некои демократи и аналитичари дека американската демократија ќе биде во опасност доколку Трамп повторно се врати.
Маск рече дека вистинската закана за демократијата се оние кои велат дека изборот на Трамп е закана за демократијата.
„За време на тие настани Трамп се јави и бараше ненасилство и мирни протести“, го бранеше Маск.
Свет
Израелскиот министер за одбрана по нападот врз Иран: Се отвораат нови стратешки можности
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информираше својот американски колега Лојд Остин за израелскиот напад врз Иран, кој во соопштението за печатот го опиша како „успешен“.
Во соопштението, канцеларијата на Галант соопшти дека двајцата зборувале за прецизните напади врз производствени капацитети за ракети, ракети земја-воздух и иранските воздушни способности.
Израелскиот министер му се заблагодари на Остин за непоколебливата поддршка на САД за одбраната на Израел од иранската агресија.
Тие, исто така, разговарале за стратешките можности што се појавиле како резултат на оперативните достигнувања, како во северните така и во јужните области, се вели во соопштението, осврнувајќи се на конфликтите во Либан и Газа.
Свет
Трамп: Америка ќе влезе во нова светска војна доколку победи Камала Харис
Поранешниот американски претседател и претседателски кандидат на Републиканската партија на претстојните избори во Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека актуелниот американски потпретседател и неговата ривалка од Демократската партија, Камала Харис, ќе ги воведат САД во нова светска војна доколку таа победува на изборите на 5 ноември, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Во рамки на предизборната кампања, Трамп синоќа зборуваше на митинг во државата Пенсилванија. Трамп ја оцени неговата ривалка Харис како недоволно способна да се справи со лидерите како рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг на политичката сцена.
Посочувајќи дека светот никогаш не бил толку блиску до глобална војна, Трамп вети дека оваа војна нема да се случи доколку тој повторно стане претседател на САД.
„Да се стави Камала Харис за претседател значи да се коцка со животите на милиони луѓе. Харис дефинитивно ќе не одведе во Трета светска војна бидејќи е премногу неспособна за да си ја врши работата правилно“, рече Трамп.