Црна хроника
Седумдесет и седумгодишна жена тешко повредена кога во неа удрил автомобил
Вчера во полицијата било пријавено дека на улица „Гоце Делчев“ во Неготино, автомобил управуван од М.Ќ.(68) од Неготино, удрил во 77-годишната Л.М. од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во болницата во Велес“, информираа од МВР.
По овластување на јавен обвинител од Кавадарци, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Гана извршил обљуба врз партнерката од Скопје
Синоќа во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во изнајмена соба на подрачјето на Кисела Вода, П.А.(27) од Гана извршил обљуба врз неговата 32-годишна партнерка од Скопје, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
88-годишна жена од Северна Ирска почина во Битола
Вчера во СВР Битола Д.П.(55) од Битола пријавил дека во дом на ул.„Цветан Димов” во Битола починала Е.К.(88) од Северна Ирска, со престој во Битола.
Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Тројца со пластичен пиштол му се заканувале на маж во двор на семејна куќа
Вчера во 17.40 часот полициски службеници ги лишиле од слобода П.Л.(40), Т.Б.(42) и М.Ј.(32) сите од Свети Николе, по претходна пријава дека во с.Пуздерци, пробиштипско, во дворот на семејната куќа на Е.Е.(51), физички го нападнале, а при тоа употребиле и тврди предмети.
Дополнително му се заканувале, при што П.Л. извадил пиштол, за кој подоцна било констатирано дека бил пластичен.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.