Контакт

Македонија

ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ, бара СДСМ

Објавено пред

„Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат“, вели СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.

Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.

Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.

Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен“, соопшти СДСМ.

Македонија

Кузеска: Тошковски и МВР да поднесат кривична пријава за Бојран Христовски по примерот од Велес

Објавено пред

На 25 април оваа година, МВР до ОЈО Велес поднела кривична пријава против 44-годишна жителка на Велес поради, како што тогаш соопштиле, постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

– Кривичната пријава била поднесена за прекршување на член 380 од Кривичниот законик. Еден ден подоцна, на 26 ти април за оваа кривична пријава се пофалил на неговиот Фејсбук профил и министерот Панче Тошковски со објава во којашто изнесува детали за пријавата. Пријавената прибавила меѓународно признаен сертификат (TOEFL IBT) за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р. Бугарија. Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Ова е објавата на Тошковски од 26 април. Прашањето е каде е сега Панче Тошковски и МВР? Зошто молчат и не преземаат ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски? Каде им е Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал? Бојан Христовски исто така приложил сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, а во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL. И македонски и бугарски медиуми го потврдија ова.

Значи Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ. Тоа претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се заштитени мечки и одговорност мора да има. Бараме Тошковски по овој пример од Велес да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик. Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски. Очекуваме и Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности, да спроведе транспарентна истрага која точно и непристрасно ќе утврди одговорност за скандалот. Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен – рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Али Ахмети го пречека шефот на ОБСЕ, Вал: Нашата битка не е да бидеме во Владата, туку за достоинство, еднаквост и за Европа 

Објавено пред

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Килијан Вал.

dobivaj vesti na viber

Ахмети и амбасадорот Вал разговараа за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија и Косово итн.

Ахмети му порача на Вал дека ДУИ, без никакво сомневање и со сите сили, останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа преговарачката рамка со Европската Унија мора да ја спроведеме без одлагање.

„ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската Унија. ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа Влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор, како и евро-атлантската ориентација на државата. Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт. Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост“, рекоа тие.

Ахмети посочи дека Уставниот суд со прегласување по политичка наредба ја избришал етничката припадност, а на ред е и албанскиот јазик.

„Овие одлуки се неприфатливи за нас. Во меѓувреме, во регионот албанско-српското помирување со заемно признавање меѓу Косово и Србија е неопходност и само тоа ќе донесе мир, стабилност, безбедност и регион со перспектива, а голем историски договор во регионот е потребен и за посветеност за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија од нејзините соседи. Овие историски и визионерски процеси мора да ги гарантираат Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, рече Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на коридорите 8 и 10

Објавено пред

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност“, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10.

Денеска сме овде на едно место коешто претставува дел од Коридорот 8, а во сабота, од тоа што до сега го разгледувавме со одговорните лица од компанијата „Бехтел“, односно конзорциумот „Бехтел и Енка“, ќе го посетиме и другото место каде што се гради, а тоа е делницата помеѓу Прилеп и Битола.

Тоа е она коешто треба да претставува наш приоритет, а од работата изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП, можеме да забележиме дека се направено двојно, тројно повеќе работи споредено со две години претходно. И тоа се гледа. И сега веќе ова не е магија, не е илузија, ова е вистина. Ги гледаме работите на терен како се работат“, посочи Мицкоски и додаде:

„Овие преговори заедно со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на посета во Вашингтон, на Самитот на НАТО, продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок. Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и македонските граѓани, најави дел и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николовски.

Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сѐ во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот „Бехтел и Енка“, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина, јас колку можам помагам нормално онаму каде што се бара и моја помош, Амбасадата се разбира на Соединетите Американски Држави“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на коридорите 8 и 10

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска...

Топ47 минути

Две деца од Кочани и Куманово тешко се повредиле кога, возејќи мопеди, се судриле со автомобили

МВР соопшти за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле вчера, а во кои учесници биле деца на мопеди. До...

Македонија1 час

Мицкоски не го добил писмото од Ахмети

Премиерот, Христијан Мицкоски, изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети за кое претходно информираа Интегративците...

Македонија2 часа

(Видео) Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина, вели Илиевски

„Денеска, објавуваме нов скандал поврзан со незаконитости во Јавното претпријатие ‘Државни патишта’. На 29 септември 2024 година на патарините на...

Македонија4 часа

Ахмети му напиша писмо и на Мицкоски: „Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало последици“

Демократска унија за интеграција (ДУИ) информира дека претседателот на партијата, Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Регион4 часа

Бојко Борисов: Ќе соработуваме со сите, освен со ултранационалистите

Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати, но ќе мора да бара коалициски партнер за...

Македонија5 часа

ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ, бара СДСМ

„Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите...

Свет5 часа

Си-ен-ен: Почнаа преговорите меѓу САД, Израел и Катар за прекин на огнот во Појасот Газа

Во Доха почнаа преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа, јави Си-ен-ен повикувајќи се на...

Свет6 часа

(Видео) На митингот на Трамп се нижеа вулгарни и расистички изјави, Маск доби овации

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера го предводеше предизборниот митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, кој започна со серија...

Европа7 часа

Зеленски за соработката со нордиските земји: Заедно ќе го зголемиме притисокот врз Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека соработката во форматот „Украина плус Северна Европа“ добива на интензитет, а следната недела се...

Европа7 часа

Украински беспилотни летала гаѓаа фабрика за етанол во руски Воронеж

Украинските беспилотни летала нападнаа фабрика за етанол во руската област Воронеж, предизвикувајќи пожар во еден од индустриските капацитети, а едно...

Македонија16 часа

(Видео) Голема материјална штета направи пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово, нема повредени

Голем пожар доцна вечерва избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Како што објавија вечерва на социјалните мрежи пожарникарите од...

Македонија16 часа

Пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. На терен се екипи на...

Регион17 часа

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите...

Свет20 часа

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број...

Македонија23 часа

(Видео) Општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капиталните инвестиции

Во Владата денес беше потпишан договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Дел...

Македонија24 часа

Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза лента

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови. Прашан од...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност. Методија...

Топ1 ден

Пешак загина во сообраќајна несреќа кај Батинци

Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, Скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил. Несреќата се случила на...

Свет1 ден

Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили...