Забава
Неработни денови за 2025 година
Претстојната 2025 година ќе има помалку продолжени викенди од 2024.
За сите граѓани на РМ:
1 јануари (среда), Нова година,
7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
30 март (недела), Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден.
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (четврток), Ден на трудот,
24 мај (сабота) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
2 август (сабота), Ден на Републиката,
8 септември (понеделник), Ден на независноста,
11 октомври (сабота), Ден на народното востание,
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), Св. Климент Охридски.
За граѓаните од православната вероисповед
6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ,
19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
18 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичката вероисповед
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
1 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
25 декември (четврток), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните од муслиманската вероисповед
6 јуни (петок), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница
22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на српската заедница
27 јануари (понеделник), Свети Сава.
За граѓаните припадници на ромската заедница
8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница
23 мај (петок), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница
2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница
21 декември (недела), Ден на наставата на турски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

