Македонија
За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 61 илјада граѓани, вакцинирани над 19 илјади лица

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61.000 граѓани, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип.
Во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19.000 граѓани. Почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица.
Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи, соопшти Министерството за здравство.
За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот „Мој термин“.
Во согласност со распоредот предвиден во планот за вакцинација граѓаните преку СМС добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.
Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, се додава во соопштението на Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.
Скопје
Скопјанец нашол граната на Водно и ја земал со себе

Вчера во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе.
Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И по 10 месеци СДС не сфати зошто рејтингот им е непрепознатлив а Филипче неприфатен од народот

И по 10 месеци не научи ниту една лекција зошто народот не ги прифаќа. Знаеме дека СДС најсреќни би биле да нема проекти, да нема ленти и да нема развој, но за нивна жал и за среќа на граѓаните тоа нема да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Го советуваме прескапо платениот Спасов и агенцијата Рејтинг да си ја сменат ПР стратегијата“, посочуваат од партијата и додаваат:
„И наместо да очајуваат зошто Владата работи, треба да излезат и да ги пофалат проектите кои се од корист за граѓаните. За 10 месеци се направи повеќе од 7 години власт, Филипче, Заев и Ковачевски“.