Свет
Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка го осудија израелскиот закон против ОН
Владите на Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја осудија одлуката на Израел да ја забрани работата на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци УНРВА на окупираните палестински територии, објавија четирите земји во заедничката изјава.
„УНРВА има мандат од Генералното собрание на Обединетите нации. Работата на агенцијата е суштинска и незаменлива за милионите палестински бегалци во регионот, а особено во сегашниот контекст на Газа“, се вели во соопштението.
„Законодавството одобрено од Кнесетот поставува многу сериозен преседан за работата на Обединетите нации и на сите организации од мултилатералниот систем“, се додава.
Претходно израелскиот парламент Кнесет донесе закон со кој се спречува работата на УНРВА на палестинските територии. Предлагачите на законот тврдеа дека дел од „персоналот на УНРВА бил вклучен во нападот на Израел на 7 октомври“.
Од 7 октомври минатата година израелската армија убила 43.020 Палестинци во Појасот Газа, од кои повеќето се жени и деца, соопшти здравствената служба во Газа. Во исто време повреди 101.110 луѓе.
„Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ќе продолжат да работат со донаторите и земјите домаќини за да обезбедат одржливост на работата на УНРВА и нејзината хуманитарна улога“, соопштија владите на Мадрид, Љубљана, Даблин и Осло. Овие четири земји ја признаа независноста на Палестина оваа година во границите од 1967 година, барајќи повлекување на израелската армија од окупираните територии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

