Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ, кој ќе биде патоказ за сите идни влади
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на националната развојна стратегија, која денес ја носи Собранието, чиј предлагач е Владата, а СДСМ не ја поддржа, рече:
„Па јас не очекувам од СДСМ да поддржува владини политики, мислат дека таа им е добра стратегија, јас не мислам дека е така. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми со луѓе што го носат во длабокото и се обидуваат што побргу да го удават бидејќи имаат свои некои интереси внатрешно во партијата, но тоа е нивен проблем, не е наш.
Тоа се сосема два различни документи, овој со Македонската академија на науките и уметностите е стратешки документ, кој третира области што не се содржани во оваа национална стратегија и така натаму. Нешто што е многу важно.
Нешто што е многу важно и во име на тоа јас ги повикувам уште еднаш да размислат и да застанат зад оваа иницијатива бидејќи, сепа, ете, нашата цел е да ги собереме сите умови во државава за да можеме да создадеме документ што ќе биде патоказ за сите идни влади, не само за оваа, за кој ќе се обединиме сите, без разлика на нашите етнички и партиски различности“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

