Свет
(Видео) Камала заборавила дека микрофонот ѝ е вклучен: призна кој е големиот проблем на кампањата
Камала Харис била изненадена кога открила дека микрофонот не ѝ бил исклучен за време на нејзиниот разговор со гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, за време на кој во етерот признала дека нејзината кампања „се бори со машките гласачи“.
Камала Харис и Витмер во саботата седеле во бар во Каламазу во Мичиген и имале разговор, кој изгледал сериозен. Толку сериозен што изгледа дека Камала заборавила оти е опкружена со камери и микрофони.
„Значи, мојата работа е – мораме да се движиме меѓу мажите“, се слушна како Харис ѝ кажува на Гретчен.
Харис тогаш забележалa дека микрофоните се вклучени.
„О имаме микрофони што снимаат сè. Не го сфатив тоа“, рекла Камала гледајќи во камерата, пренесува „Фокс њуз“.
Инаку, родовиот јаз меѓу гласачите се зголеми откога Камала стана претседателски кандидат на Демократската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско упати нов апел за мир: Децата и семејствата се првите жртви на војната
Папата Франциско денеска при своето појавување на плоштадот Свети Петар во Ватикан упати нов апел за мир во кој изјави дека децата и семејствата се првите жртви на војната.
„Се молиме за мир. Мирот е дар на Духот“, рече папата, пренесе АНСА.
Тој предупреди дека областите погодени од војната се прошируваат.
„Размислуваме за земјите кои многу страдаат: Украина, Палестина, Израел, Мјанмар, Северен Киву настрадаа, а многу земји се во војна“, рече папата Франциско, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин, пратката била наменета за Германија
Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по „најголемата заплена“ на дрога во историјата на земјата, објавија властите.
Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка соја.
„Ја информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување на 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Едуардо Дел Кастиљо.
#NoticieroPopular
🚨En un operativo antinarcóticos se logró la incineración de 21,6 toneladas de cocaína, “la mayor incautación de la historia boliviana” según autoridades de Gobierno. La carga estaba camuflada como bolsas de harina de soya. pic.twitter.com/6lCSUfqAA8— RTP Bolivia (@rtp_bolivia) October 29, 2024
Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во последните години во една операција, рече министерот.
Пратката со кокаин била наменета за Германија.
Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин, по Перу и Колумбија.
Свет
Нетанјаху побара од својот син да ја одложи венчавката поради безбедносни причини
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот син Авнер да ја одложи венчавката закажана за 26 ноември наведувајќи ги безбедносните причини како клучен фактор во одлуката.
Церемонијата требаше да се одржи на фармата „Ронит“ во регионот Шарон, недалеку од Тел Авив, место познато по организирање семејни прослави.
Како што пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху разговарал со своите соработници за можните безбедносни предизвици што би можеле да произлезат од собирањето на ваков јавен настан, особено поради неодамнешните инциденти со беспилотни летала во регионот. Еден таков инцидент се случи пред неколку недели кога дрон лансиран од позиција на Хезболах го оштети прозорецот на резиденцијата на премиерот. Овој настан дополнително ги истакна можните ризици поврзани со големите собири, пренесуваат медиумите во регионот.
Медиумите неколкупати се обидоа да добијат официјален коментар од кабинетот на Нетанјаху во врска со ова барање, но премиерот сè уште не одговорил на овие прашања.
Оваа одлука за одложување на венчавката доаѓа во време кога Израел е соочен со зголемени тензии и потреба од дополнителни безбедносни мерки, што е тема од особен интерес на јавноста и домашната политичка сцена.