Забава
(Видео) Шефот на „Инстаграм“ потврди нова промена
„Инстаграм“ обезбедува видеоприказ со највисок квалитет за најпопуларните содржини.
Во текот на викендот шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери, даде повеќе увид во тоа зошто некои видеа на платформата се прикажуваат со послаб квалитет од другите. Накратко, сè се сведува на перформансите и учинокот.
„Општо земено, сакаме да го прикажеме видеото со највисок можен квалитет. Но, ако нешто не е гледано долго време – бидејќи огромното мнозинство прегледи е на почетокот – ќе се префрлиме на видео со послаб квалитет. Доколку видеото подоцна повторно стане популарно, ќе биде рендерирано со повисок квалитет“, одговори Мосери.
Post by @lindseygamble_View on Threads
Мосери истакна дека платформата „Инстаграм“ има цел повисок квалитет за креаторите што добиваат повеќе прегледи.
Неговиот коментар предизвика загриженост кај малите креатори, кои велат дека ги става во неповолна положба во конкуренција со другите што имаат поголеми платформи.
„Мета“ претходно забележа дека користи разни конфигурации за кодирање за обработка на видеа врз основа на нивната популарност како дел од тоа како управува со своите компјутерски ресурси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што се содржи во идентитетот на брендот.
Имајќи го тоа на ум, Fashion Group ветуваат модно возбудлива есен за мажите.
„Новата колекција на Dan John пристигна во Скопје и можеме да кажеме дека се работи за парчиња во кои секој маж ќе изгледа уште подобро. Сезонава, брендот прави микс во естетиката што од една страна претставува поврзување со природата, а од друга страна да се држи чекор со урбаниот живот. Во тој контекст ни се допаѓа и пораката која ја испраќаат до мажите: Градот, односно било кое место каде што се движите, да биде вашата писта по која ќе чекорите беспрекорно дотерани!“
Оние што се наклонети на smart casual стилот, можат да го збогатат гардероберот со штепувани јакни, елеци, кошули во лежерен крој, како и кратки капути.
За моментите пак, кога на мажите им е потребно да издоминираат со елеганција, изборот нека биде некое класично одело, со внимателно одбрани детали, совршени капути и панталони.
Безвременските бели и сини кошули добиваат уште помодерна верзија, не губејќи ја својата класичност, па мажите кои секојдневниот бизнис стил не можат да го замислат без ова парче облека, со Dan John можат да играат на сигурно.
Палетата на бои се движи од бела, преку сини тонови, кафените без кои не можеме да ја замислиме ниту една есен, до безвременските црни!
„Фотографиите во прилог се само предлог за тоа како модната есенска приказна на еден модерен маж може да изгледа. Мажи, повелете во продавницата на Dan John или пак на нашата онлајн продавница http://www.fashiongroup.mk и создадете ја својата. Нема да згрешите“, порачуваат од Fashion Group.
ПР
Забава
Зои Кравиц и Ченинг Тејтум ја прекинаа врската
Ченинг Тејтум и Зои Кравиц раскинаа по три години врска, пишува магазинот „Пипл“.
Тие се свршија минатата година, но извори блиски до 44-годишниот актер и 35-годишната актерка тврдат дека на врската ѝ дојде крајот.
На почетокот на септември актерот ја објави нивната последна фотографија на „Инстаграм“, на која се гледа како Зои му лежи во скутот.
За потсетување, пред врската со Зое, Ченинг Тејтум беше девет години во брак со актерката Џена Диван.
Забава
(Видео) Лени Кравиц ги покажа стомачните мускули во новиот спот, обожавателките воодушевени
Лени Кравиц објави сензуален спот за песната Honey, во кој ги покажа стомачните мускули и ги стави во транс обожавателите.
60-годишниот пејач е познат по својата сексипилност, а најдобар доказ за тоа се коментарите на обожавателите под објавата на Инстаграм со која го најавува спотот.
„Забременив“, се пошегува една обожавателка, а многумина се сложиле со неа. „И јас“ и „Сите забременивме“, напишаа тие.
„Лени изгледа фантастично на 60 години“, „Ова е жешко“, „Со годините стануваш се попривлечен“, „Ти си најсовршениот маж на планетата“, „Мислам дека не можам да работам денес“, „Ме разбуди“ и „Како сега да го гледам сопругот?“, се дел од коментарите.