Забава
Џенифер Лопез се налути кога фановите ѝ поставија прашање за Диди
Џенифер Лопез беше на проекцијата на филмот Unstoppable минатиот викенд, а претходно истата вечер потпишуваше автограми за луѓето што присуствуваа на настанот.
Според Дејли Мејл, во еден момент еден обожавател ја прашал: „Имате ли коментари за Диди и обвинувањата против него?“. Познатата пејачка наводно многу се налутила на ова прашање.
Странските медиуми наведуваат дека после тоа таа престанала да дава автограми и ја напуштила просторијата со своето обезбедување, додека некои обожаватели ја молеле да не си оди. Сепак, таа не сакаше да се врати и замина без да одговори на прашање за претходната врска со Диди.
Џенифер Лопез и уапсениот музички магнат ја започнаа својата врска во 1999 година, а раскинаа во 2001 година. Пејачката и актерка изминатите неколку години имаше само добри зборови за Пи Диди. Во интервју за Access Hollywood во 2014 година, таа рече дека тој „ѝ дал водство и ја научил на многу работи“ и дека „сè уште има многу взаемна почит и восхит“ меѓу нив.
Тие беа уапсени заедно во 1999 година, по пукање во ноќен клуб. По инцидентот тие го напуштиле местото на настанот, а потоа бегале од полицијата.
Кога биле запрени, полицијата во автомобилот пронашла украден пиштол. Обвиненијата против Џенифер беа отфрлени во текот на ноќта, но Шон Комбс и пријателот кој беше со нив, Џамал Бароу, отидоа на судење. Тогаш Диди беше ослободен од сите обвиненија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.
Забава
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли за правниот процес со Балдони: „Сè се одвива во позадина“
Пријателите на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли открија како двојката се носи со правниот процес со Џастин Балдони.
Британскиот актер Хамфри Кер, во интервју за „Телеграф“, објасни дека парот поминува низ големи проблеми.
„Рајан и Блејк поминаа низ тешка ситуација во последните 18 месеци и на некој начин сè уште поминуваат низ тоа“, рече тој.
Додаде дека интересот на јавноста се зголемува и намалува, но дека ситуацијата и понатаму се одвива во позадина.
Лајвли го тужеше Балдони за сексуално вознемирување, што тој го негираше. Исто така, се очекува Лајвли и Балдони да сведочат на новото судење во март 2026 година.
Адвокатот на Балдони претходно изјави дека тој знае што не направил, како и што направил.
„Тој сака вистината да излезе на виделина и сака тоа да го направи на соодветен начин. Го чека својот ден на суд, каде што ќе може да проговори и да ја каже вистината“, рече.

