Забава
Копнеат по балансиран живот: хороскопски знаци што не поднесуваат да бидат сами
Има луѓе што едноставно не сакаат да бидат сами и секогаш бараат друштво. Без разлика дали се работи за пријатели или семејство, тие најдобро се чувствуваат кога се опкружени со саканите. Можеби тие се предодредени за тоа. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.
Близнаци
Близнаците, едноставно, се создадени за комуникација. Без разлика каде се – на кафе, во трамвај или во лифт – тие секогаш наоѓаат со кого да разговараат. Кога се сами, се чувствуваат како да им е одземена супермоќта бидејќи нивната потреба за интеракција никогаш не спие. Овој знак има премногу мисли за да ги задржи само за себе, па друштвото секогаш е неопходно за одржување на нивната ментална рамнотежа.
Вага
Вагите копнеат за урамнотежен живот и ништо не ја нарушува таа рамнотежа како осаменоста. Мразат да бидат сами затоа што тогаш се чувствуваат нецелосни – како да им недостига дел од мозаикот. Вагите сакаат хармонија, па затоа попрво би организирале вечера за осум луѓе отколку да седат сами дома со „Нетфликс“. Кога се опкружени со луѓе, се чувствуваат како се да е на свое место.
Лав
Лавот мора да биде во центарот на вниманието, и тоа не кој било, туку оној што сјае и свети како рефлектор на сцената. Лавовите се хранат со енергијата на другите луѓе и сакаат кога сите околу нив се воодушевени од нивниот изглед. Самотијата не им одговара бидејќи немаат кому да му ја покажат својата блескава личност, а без публика, Лавот, едноставно, не е Лав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Fashion Group x Македонски Телеком: Зачувај ги засекогаш твоите најдобри модни моменти!
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
Најновиот едиторијал со инфлуенсерката Илариа Кирилов е совршен показател за тоа. Сите кадри се направени токму со Samsung Galaxy S24, а резултатот се моќни и живописни фотографии и видеа кои на совршен начин го истакнуваат дизајнот на брендовите.
„Секој од нас сега може своите најдобри модни моменти да ги сочува било каде и било кога. Живееме во такво време кога сите посакуваме да имаме убави фотографии и да ги овековечиме моментите кога изгледаме и се чувствуваме добро, а сега тоа е уште поедноставно да се направи. Фотографирањето при шопинг во нашите продавници отсекогаш било честа појава, но со перформансите што ги нуди овој телефон, од следната посета на нашите брендови можете да направите и да се пофалите со супер модни, професионални фотографии и да ги зачувате омилените комбинации“, посочуваат од групацијата.
Исто така, Fashion Group од неодамна е партнер и во Magenta Moments.
„Магента е бојата која секогаш привлекува внимание и радост, па среќни сме што со оваа соработка сите корисници на Телеком меѓу нашите купувачи ќе имаат шанса за нови интересни и поволни зделки, за уште порадосни моменти“.
Модната креативност нема граници, но сега е многу полесно да ја изразиме и сочуваме!
ПР
Забава
Македонската естрада се збогува со Зоки Фаци
Македонската естрада преку социјалните мрежи се збогува со новинарот Зоран Василевски – Зоки Фаци.
Тој почина утрово по долга борба со ракот.
Како што објави на социјалните мрежи неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров, погребот ќе биде в недела во 12 часот во црквата „Св. Никола“ во Катланово, а во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.
Забава
Почнува шестото издание на „Андерфест“ во МКЦ, најавени шест добро познати бенда
Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20:00часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.
За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.
Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.