Забава
Почина Квинси Џонс, познат музички продуцент
Американскиот продуцент, композитор и текстописец Квинси Џонс почина на 91-годишна возраст.
„Вечерва, со полни, но скршени срца, ја споделуваме веста за смртта на нашиот татко и брат, Квинси Џонс. Иако ова е непоправлива загуба за нашето семејство, го славиме неговиот извонреден живот и знаеме дека никогаш нема да има друг како него“, соопшти неговото семејство, пренесува АП.
Неговиот претставник Арнолд Робинсон изјави дека починал во својот дом во Бел Ер, опкружен со семејството.
Џонс беше еден од најпочитуваните американски продуценти и музичари. Неговото најпознато дело, продуцирање на албумот Thriller на Мајкл Џексон од 1982 година, стана еден од најпродаваните албуми на сите времиња, со рекордна глобална продажба и низа хитови кои ја обликуваа поп културата.
Покрај продукцијата на албуми, Џонс соработувал со голем број музички легенди како Френк Синатра, Реј Чарлс, Ела Фицџералд и многу други, што го прави незаменлива фигура во различни жанрови, од џез и R&B до поп. Исто така, Квинси освои вкупно 28 Греми награди.
Неговиот придонес не беше ограничен само на музичката индустрија. Работел на музика за познати проекти како што се сериите Roots и филмот In the Heat of the Night. Неговата работа во филмската индустрија му донесе седум номинации за Оскар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Аријана Гранде го промени презимето
Пејачката и актерка Аријана Гранде го промени своето презиме во одјавната шпица на филмот Wicked откако се смири со нејзиниот татко. E! News пишува дека името на Аријана Гранде-Бутера се појавува на крајот од филмот.
Целосното име на пејачката е комбинација од презимињата на нејзината мајка Џоан Гранде и таткото Ед Бутера. Промената на името доаѓа откако Аријана и Ед повторно се поврзаа. Како што еднаш откри, тие престанале да разговараат во 2013 година.
Ед и Џоан се разделија кога Аријана имаше осум години. Конфликтот со нејзиниот татко пејачката претходно го нарече најтешката ситуација со која морала да се справи во животот.
„Пред една година го прекинав контактот со татко ми. Приватно е… Толку време ми требаше да се помирам со тоа“, изјави таа за списанието Seventeen во 2014 година. Додала и дека има некои од особините на нејзиниот татко, кои долго време не и се допаѓале.
Забава
Џејми Ли Кертис: Сознанието дека ќе умрам ја промени мојата кариера
Актерката Џејми Ли Кертис (65) отворено зборуваше за тоа како сознанието дека „наскоро ќе умре“ предизвика голем пресврт во нејзината кариера.
Актерката се прослави во 1978 година со улогата во филмскиот серијал Halloween, а актерската кариера ја продолжи до денес, појавувајќи се во бројни популарни филмови.
Но, по ненадејно сознание, Кертис реши посериозно да се посвети на улогата на продуцент. Кертис работеше како продуцент на неколку филмови од серијалот Halloween, вклучувајќи го и филмот од 2018 година, а исто така е извршен продуцент на филмови како што се Best Summer Ever и Timers. Но, неодамна, во интервју за Entertainment Weekly, таа откри: „Дури во улогата на продуцент ја презедов своја сила кога сфатив дека наскоро ќе умрам“.
„Кога наполнив 60 години, тоа беше вистинска пресвртница. Сфатив дека сè што држам во мојата глава, срце, ум, душа, дух и животна енергија ќе умре со мене ако не го изнесам на светот.” додаде таа. Ова сознание ја поттикна сериозно да се заложи за основање сопствена продуцентска компанија за филмови, телевизија и подкасти наречена Comet Pictures во 2019 година.
Кертис додаде: „Тоа беше мојот момент на вистината, и тогаш отидов кај големиот продуцент Џејсон Блум и му реков: Сакам продукциска куќа“.
Нејзиниот последен проект како продуцент е претстојниот документарен филм за фитнес иконата Сузан Паутер од 90-тите.
Забава
(Видео) Бен Афлек ја коментираше новата улога на Џенифер Лопез: Таа е спектакуларна
Бен Афлек неодамна ја коментираше улогата на неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез во филмот Unstoppable во интервју за Entertainment Tonight Sunday.
Драмата ја режираше Вилијам Голденберг, а главни продуценти беа Бен Афлек и Мет Дејмон.
„Уметниците кои работеа на тоа, тоа го направија со голема страст. Били Голденберг, Џенифер, Дон Чидл, Џарел и Боби Канавал – сите тие беа многу страсни“, рече Афлек, додавајќи дека Unstoppable е уште еден пример за филм, за кој тој и неговиот колега Мет Дејмон се навистина горди и дека верувале во луѓето со кои соработуваат, а тој ја истакна нивната емотивна поврзаност со приказната, истакнувајќи дека „Џенифер е спектакуларна“.
Многу нивни обожаватели истакнаа дека им се допаѓа, како што велат, неговото зрело однесување и дека и по разводот и сите несогласувања што ги имале, добро зборува за неа. Сакале или не, мора да признаете дека е добра актерка“, беше само еден од коментарите.