Свет
(Видео) Трамп го одржа својот последен говор во истиот град во кој ги заврши кампањите и во 2016 и во 2020 година.
Поранешниот претседател Доналд Трамп излезе на сцената во Гранд Рапидс, Мичиген, давајќи му посебен поздрав на градот бидејќи тоа беше местото на неговите последни митинзи во претходните претседателски кампањи.
„Сакам да му дадам посебен поздрав на Гранд Рапидс, ова е посебно место, се сеќавате на 2016 година?“, ја праша насобраната толпа која го извикуваше неговото име.
Трамп претходно, исто така, ја заврши својата кампања во градот во 2016 и 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Огромни промени во обложувалниците: Трамп значително расте, Харис паѓа
Значајни промени се случуваат во обложувалницата Полимаркет на денот на американските избори.
Шансите, според таа обложувалница, значително се зголемуваат за Доналд Трамп, а се намалуваат за Камала Харис.
Според Полимаркет, ситуацијата во моментов е следна:
Трамп – 63%
Харис – 37%
Вчера вечер процентите беа 58 отсто за Трамп и 42 отсто за Харис.
На Полимаркет, каде што процентите се менуваат во реално време, Трамп и Харис во последната недела беа најблиску на 3 ноември, кога Трамп имаше 53%, а Харис 47%. Пред еден месец, сепак, беа целосно изедначени.
Полимаркет е децентрализирана платформа за предвидување која им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходите на вистински настани, вклучително и политички избори, користејќи криптовалути.
Регион
Весиќ објави: Оставката е поднесена
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија, Горан Весиќ и официјално поднесе оставка.
Весиќ на својот профил на социјалната мрежа Х објави и фотографија од писмената оставка која ја поднел по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а која ја прифатил и премиерот на Србија, Милош Вучевиќ.
„Дадов оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија.
Поднесов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија што се случи во ресорот со кој раководам.
Ја напуштам оваа позиција со чиста совест и горд на резултатите што остануваат зад мене како и на тимот на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура што работеше со мене. Работев со голема почит и одговорност кон граѓаните како и со најдобра вера исклучиво во интерес на Србија“, изјави Весиќ на својот профил.
Регион
Серија земјотреси во Грција, погодени Пелопонез и Кефалонија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на Пелопонез во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 32 километра југоисточно од градот Патра на Пелопонез на длабочина од 73 километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.
По тој земјотрес, Грција рано утринава беше погодена од неколку помали земјотреси, вклучително и земјотрес со јачина од 3 степени на 20-ина километри западно од островот Кефалонија.