Забава
Аријана Гранде го промени презимето
Пејачката и актерка Аријана Гранде го промени своето презиме во одјавната шпица на филмот Wicked откако се смири со нејзиниот татко. E! News пишува дека името на Аријана Гранде-Бутера се појавува на крајот од филмот.
Целосното име на пејачката е комбинација од презимињата на нејзината мајка Џоан Гранде и таткото Ед Бутера. Промената на името доаѓа откако Аријана и Ед повторно се поврзаа. Како што еднаш откри, тие престанале да разговараат во 2013 година.
Ед и Џоан се разделија кога Аријана имаше осум години. Конфликтот со нејзиниот татко пејачката претходно го нарече најтешката ситуација со која морала да се справи во животот.
„Пред една година го прекинав контактот со татко ми. Приватно е… Толку време ми требаше да се помирам со тоа“, изјави таа за списанието Seventeen во 2014 година. Додала и дека има некои од особините на нејзиниот татко, кои долго време не и се допаѓале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод, Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид „брачен советник“, помагајќи не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористена и како да е „посредник“ во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува Дејли Мејл.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за Дејли Мејл.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.
Забава
(Видео) Синот на Илон Маск откри како се изговара неговото име (X Æ A-12), ги остави луѓето зачудени
Милијардерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има необично име.
Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, го објавија името на нивниот син X Æ A-12 во 2020 година, изненадувајќи многумина. На почетокот на месецов Маск даде интервју со Такер Карлсон, а во еден момент неговиот син упадна во кадарот и седна во скутот на својот татко.
Маск се насмевна и рече дека четиригодишното момче е негова мини верзија и додаде дека неговиот син го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, X Æ A-12 го кажа неговото име и ги остави луѓето во чудо.
Забава
(Видео) Познат актер седна на клавирот на железничка станица во Лондон и свиреше, изненадувајќи ги патниците
Американскиот актер Џеф Голдблум ги покажа своите музички способности свирејќи на клавир пред толпата минувачи на железничка станица во Лондон.
@universalpicturesuk The Wizard of Oz is also a whizz on the keys 🎶 #WickedMovie's Jeff Goldblum surprised passersby at St Pancras station! #StPancrasInternational #JeffGoldblum #London #NewRelease #MovieRecommendation ♬ original sound – universalpicturesuk
Најновиот настап на Голдблум беше дел од промоцијата на филмот Wicked, во кој ја толкува улогата на Волшебникот од Оз. По тој повод изведе песна од филмот и неколку божиќни композиции и ги воодушеви насобраните патници и посетители.