Македонија
Се пренасочува сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце
Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува, информираше АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше во Владата на Република Македонија, на настан по повод денешниот 5 ноември, Светски ден на ромскиот јазик.
-Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик, посветен на промоцијата и зачувувањето на ромскиот јазик, култура и образование. Ромската заедница е значаен дел од нашето општество. Нивната историја, традиции и јазик додаваат непроценлива вредност во културното ткиво на Македонија, што ја прави уште побогата и поразновидна. ЗЕЛС, има за цел да поддржува иницијативи и програми кои ќе ја унапредат инклузијата на ромската заедница, ќе обезбедат поддршка во образованието и ќе помогнат во зачувувањето на ромскиот јазик како дел од културното наследство на Република Македонија. ЗЕЛС се залага за силна соработка со сите општини, институции и организации за креирање можности за ромската заедница, во образованието, културата, и рамноправниот развој на локално и национално ниво. Оттука, со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво. Денес ги одбележуваме не одбележуваме не само нивниот јазик и култура, туку ја славиме и ромската заедница како битен дел од нашето општество-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да ја преиспитаат одлуката за назначување на новите членови во УО на Академијата за судии и јавни обвинители
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови.
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.
Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС“, кажа Петрушевски.
Ги повика и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно, како што рече ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.
Според него овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството.
Скопје
Стефковски: Гази Баба ќе субвенционира 100 отсто за стерилизација на домашни миленици
Општина Гази Баба започна со реализација на нова мерка за граѓаните, а тоа е субвенционирање за стерилизација на домашни миленици.
Од општината информираат дека е објавен јавен повик на кој граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и да добијат субвенција за стерилизацијата на домашните миленици во висина од 100%, но не повеќе од 6000 денари.
За новата мерка, информираше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во своја објава на социјалните мрежи во која напиша:
„Со задоволство сакам да објавам една нова мерка, а тоа е субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици. Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината. Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност. – заклучи Стефковски.
Општина Гази Баба ги повикува граѓаните да аплицираат и да ја искористат можноста за добивање на субвенции.
Јавниот повик со условите е објавен на веб страната на општина Гази Баба.