Свет
Трамп води во Пенсилванија, најважната од седумте клучни држави
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп го презеде водството пред демократката Камала Харис во Пенсилванија, најважната од седумте клучни држави кои ќе одлучуваат за идниот станар на Белата куќа.
По пребројани 54 отсто од гласовите, Трамп води со 50,9 отсто наспроти Харис со 48,1 отсто во Пенсилванија.
Ниту во една од клучните држави – Невада, Аризона, Северна Каролина, Џорџија, Висконсин, Мичиген или Пенсилванија – досега не е објавен победник.
Во Аризона и Висконсин, Трамп и Харис се речиси изедначени, Трамп е блиску до победа во Џорџија и води во Северна Каролина, додека Харис води во Мичиген, пренесува Си-ен-ен.
Досега Трамп освои вкупно 210 електори во споредба со 113-те на Харис. За победа се потребни 270 електорски гласови
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху му честиташе на Трамп: Нов почеток за големиот сојуз на Израел и Америка
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Доналд Трамп за изборната победа.
„Почитувани Доналд и Меланија Трамп,
Честитки за најголемиот камбек во историјата!
Вашето историско враќање во Белата куќа нуди нов почеток за Америка и обновена посветеност на големиот сојуз меѓу Израел и Америка. Ова е голема победа!
Вашите Бенјамин и Сара Нетанјаху“, напиша Нетанјаху на X.
Регион
Додик: Победата на Трамп симболизира враќање на вредностите што ги негуваме
Милорад Додик му упати честитка на Доналд Трамп:
„Му честитам на Доналд Трамп за неговата победа со надеж дека неговиот мандат ќе донесе освежен поглед на САД за односите со Босна и Херцеговина. Ова е можност за Америка да покаже дека ја почитува различноста“, рече тој.
Доналду Трампу @realDonaldTrump упућујем срдачне честитке на побједи и надам се да ће његов нови мандат донијети освјежену визију односа Сједињених Држава према свијету и БиХ. Ово је прилика да Америка покаже да поштује различитости и да своју снагу усмјери ка сарадњи и… pic.twitter.com/f5eNfwVVUr
— Милорад Додик (@MiloradDodik) November 6, 2024
„За Република Српска и мене, победата на Трамп го симболизира враќањето на вредностите кои ги негуваме – семејството, слободата на избор и правото да ги зачуваме нашите традиции. Во променливиот свет каде што поединците и државите често ги забораваат своите корени, гледам во лидерство можност за поинаков и поправеден пристап“, рече Додик.
Свет
Медведев за победата на Трамп: Тој смртно презира да троши пари на идиотски сојузници, Украина е во иста линија
Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Трамп има една карактеристика што ни користи: како бизнисмен во душата, тој смртно презира да троши пари на разни лижачи и паразити – на идиотски сојузници, лоши добротворни проекти и алчни меѓународни организации. Токсичната Украина е во иста линија“, напиша тој на каналот Телеграм.