Македонија
Студено утро, преку денот сончево со мала облачност
Утрото студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Спасено лице од давење во Дојранско езеро, акција на МВР – Гранична полиција
Вчера беше спасено лице да не се удави во Дојранско Езеро во акција на МВР – Гранична полиција, извести ЦУК.
Конкретно, Регионалниопт ЦУК Стумица, известува дека преку Едиствениот повикувачки број за итни повици 112 во 11.08 часот, е добиена пријава за лице кое е паднато од чамец и се дави некаде на средина од Дојранското Езеро.
Веднаш е известена ПС Гевгелија, Гранична полиција која беше на терен, веднаш итно интервенираше и го извлече, го спаси лицето кое е здраво и живо, а го извлече и неговиот чамец, соопштија од ЦУК.
Македонија
Ахмети-Рокас: Европската Унија е нашата единствена алтернатива
Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
Ахмети и Рокас долго разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во Северна Македонија.
Ахмети го информира Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.
За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус.
Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.
Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договорм, се истакнува во соопштението.
Од кабинетото на Ахмети додаваат дека политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија.
Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.
Македонија
Министерот Лимани на дводневна посета во Турција на шестиот меѓународен самит за жените и правдата
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Република Турција заради учество на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов – Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности.
Самитот се одржува на највисоко ниво, планирано е присуство и на Претседателот на Република Турција, Таип Реџеп Ердоган, првата дама на оваа земја, Емине Ердоган, министерката за семејство и социјални прашања г-ѓа Оздемир Ѓокташ, министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени и демократија во земјата.
Покрај учеството на министерот Лимани на Самитот предвидени се и билатерални средби со претставниците на земјите учеснички на истиот.