Македонија
СДС и ДУИ ја ставија на ризик довербата во институциите откога ЕК откри криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Изминатите 7 години владеење на СДС и ДУИ се обележани со низа скандали, економиски неуспеси и договарање на тендери во четири очи. Наместо креирање на политики за подобрување на економијата и раст на животниот стандард на граѓаните, секојдневно на виделина излегуваат низа компромитирачки и неуспешни политики на СДС и ДУИ“, велат ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој пат според извештајот на ДЗР за 2023година, а кој се однесува за управување на јавните финансии и исплатите кои ги вршеле од Министерството за финансии управувано од СДС и ДУИ се утврдени многу нерегуларности.
По контрола на ОЛАФ, поради злоупотреба со ИПА средства, средствата кои Република Македонија ги вратила кон ЕК, власта на СДС и ДУИ не успеала да ги наплати од правното лице кај кое е утврдена злоупотребата.
Во Извештајот се наведува дека се вратени над 600 илјади евра, тоа се пари кои се исплатени од буџетот на државата кон ЕК, затоа што државата има обврска да ги врати парите за кое ќе се утврди злоупотреба, а истата потоа тие средства ќе ги побарува од правното лице кое ја направило злоупотребата.
Парите кои се исплатени за злоупотребата кон ЕК, а СДС и ДУИ не успеале да ги наплатат од правното лице се доказ за неуспешноста и несериозноста на СДС и ДУИ кон државните ресурси и европските средства.
Со самото тоа СДС и ДУИ и нанесоа сериозна финансиска штета на Македонија и буџетот.
Штетите од владеењето на СДС и ДУИ се огромни, а јавноста допрва ќе има можност тоа да го види“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

