Македонија
ДУИ: Предлозите на „Вреди“ за членови на Советот на јавни обвинители не ги исполнуваат условите

ДУИ соопшти дека „го осудува отворениот обид на „Вреди“ да ги измами граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители“.
„За Ардијан Демир приложените фотографии се најмал доказ за неговото политичко-партиско делување во Демократското движење на Изет Меџити.
Сите јавни настапи на Демири го прават недостоен да носи толку важна функција. Додека другиот кандидат, исто така член и поддржувач на Вреди, Ведат Салихи, не ги исполнува условите за работен стаж согласно законот и по завршувањето на конкурсот достави дополнителни документи. Вреди не го интересира ниту Европа, ниту владеењето на правото, ниту реформите, туку само партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити“, велат од Демократската унија за интеграција.
„ДУИ ги алармираше пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на Вреди да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти. „Заробената држава“ никогаш не треба да се повтори и ја повикуваме Европската Унија да и реагира на власта без етнички легитимитет и собранието за овие постапки кои нè оддалечуваат од Европа и европските вредности“, пишуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.