Забава
Принцот Вилијам: Ова веројатно беше најтешката година во мојот живот, беше страшно

Принцот Вилијам изјави дека 2024 година е најтешката година во неговиот живот. Во интервјуто што го даде за време на посетата на Кејп Таун изјави дека изминатите неколку месеци му биле многу тешки, пишува „Дејли мејл“.
Тој додаде дека, без оглед на тоа, многу се гордее на својата сопруга Кејт и на таткото Чарлс, кои „достоинствено и храбро се справуваат со здравствените битки“.
„Искрено? Беше ужасно. Ова беше веројатно најтешката година во мојот живот. Навистина тешко беше да се обидам да пребродам сè и да одржувам сè на вистинскиот пат. Но, јас многу се гордеам со мојата сопруга, се гордеам и со мојот татко за сето она со кое тие се справија. Од лична семејна гледна точка, да, беше брутално“, рече Вилијам.
На прашањето како е неговата сопруга, тој одговорил: „Добро“.
За потсетување, на Кејт Мидлтон ѝ беше дијагностициран рак во февруари. На крајот на септември таа сподели во трогателно видео дека завршила со хемотерапија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако маж носи јапонки, бегајте!, вели Дакота Џонсон

Актерката Дакота Џонсон откри што за неа е најголемо црвено светло во врска – маж кој носи папучи (јапoнки). Во интервју за „Вог“ на 21 октомври, ѕвездата изјави: „Мажи кои носат јапонки? Бегајте.“
Џонсон додаде дека не сака ниту парфеми или силни мириси, велејќи дека има многу специфично чувство за мирис кај луѓето.
По раскинот со Крис Мартин по осум години врска, актерката претходно изјави дека не бара ништо посебно кај партнерот, само да не биде глупак.
Во мај за „Ел“ таа рече дека никогаш не користела апликации за запознавање, додавајќи: „Љубовта е најстрашната, но и најубавата работа што човек може да ја направи.“
Забава
Хороскопски знаци што гледаат проблем во сè

Овие хороскопски знаци имаат тенденција кон песимизам, не затоа што се злонамерни, туку затоа што секогаш се подготвени за најлошото.
Јарец
Реалист до крајност, но често преминува во песимизам. Верува само во труд и контрола, па кога нешто ќе тргне поинаку, очекува најлошо. Перфекционизмот го прави разочаран кога работите не излегуваат точно според план.
Девица
Аналитична и критична, често ја гледа грешката пред успехот. Наместо да се фокусира на напредокот, ги забележува само несовршеностите и мисли дека сè пропаѓа.
Рак
Емоционален и чувствителен, длабоко ги проживува проблемите. Склон е да се враќа во минатото и да размислува што можел да направи поинаку. Кога ќе ја изгуби верата, му е тешко повторно да ја врати.
Шкорпија
Светот го гледа црно-бело. Кога ќе наиде тешкотија, тешко е да поверува дека ќе стане подобро. Се затвора во себе и станува сомничав, дури и кон оние што му мислат добро.
Забава
Кевин Федерлајн детално го опиша повикот по кој завршил неговиот брак со Бритни Спирс

Телефонски повик со Бритни Спирс, Парис Хилтон и Линдзи Лохан бил „капката што ја прелила чашата“ и довел до крајот на бракот меѓу Кевин Федерлајн и поп-ѕвездата, пишува во неговите нови мемоари You Thought You Knew, пренесе Page Six.
„Беше три или четири часот наутро. Таа, Парис и Линдзи беа пијани и ме молеа да дојдам. Во позадина ги слушнав моите синови Престон и Џејден како плачат. Тој повик беше крај,“ напиша тој.
Додаде дека претходно гледал фотографии од Бритни на забави, но дека тој момент ја уништил секоја надеж дека ќе се смират поради децата.
Во книгата се наведуваат и други тешки обвинувања – дека Спирс го удрила поради марихуана што еден негов пријател ја оставил во домот, дека ја видел како со пријателка шмрка кокаин, како и дека понекогаш ги гледала децата додека спијат, држејќи нож во рака.
Федерлајн тврди и дека Бритни го изневерила на почетокот на врската и му се јавила на поранешното момче Џастин Тимберлејк ден пред свадбата.
Тимот на Спирс (43) одговорил дека повторно некои луѓе профитираат од неа откако престанала алиментацијата. Нејзиниот портпарол истакнал дека пејачката се грижи само за благосостојбата на своите деца и дека веќе ги опишала своите искуства во мемоарите The Woman in Me (2023).
„Постојаната манипулација од мојот поранешен сопруг е болна и исцрпувачка. Пет години се обидувам да живеам мирен и приватен живот, но сега ми е доста,“ напиша таа, додавајќи во друга објава дека Федерлајн шири лажни приказни и се обидува да звучи убедливо.
Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2006 година и имаат два сина – Шон Престон и Џејден.