Забава
(Видео) Перфектна спојка: Слаткар и „Некст тајм“ ја лансираа „Океани“ во етерот

Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на улиците во Ново Лисиче и после толку време решија да влезат во студио и да создадат музичко ремек-дело, кое по се изгледа ќе остане запишано во аналите на македонската музичка историја.
Марко Маринковиќ или познат како Слаткар и близнаците од дуото Некст Тајм ја објавија нивната прва музичка соработка со наслов „Океани“.
Позади овој проект стојат многу луѓе, но најзаслужните за ова да звучи така како што звучи се Слаткар и Лазар Цветкоски кои се потпишуваат како автори на музиката, текстот е дело на Стефан, Лазар и Слаткар, а аранжманот пак е заслуга на Лазар.
„Песната ја работевме година ипол, две. Излезе една фина и емотивна песна. Со близнаците се познаваме цели 31, 32 години и дури сега се споивме. Дури сега најдовме начин како да ги споиме нашите музики. Чудно е, тешко се спојуваат ама успеавме сите заедно и нормално со Лаки кој е мајстор“, изјави познатиот рапер Слаткар.
Ниту момците од Некст Тајм не го криеја задоволството од крајниот резултат.
„Мислиме дека создадовме одлично музичко дело, песна што веруваме дека ќе остане. Тоа е за нас најважно, да имаме што да оставиме на генерациите кои доаѓаат“, куси беа познатите муичари.
За „Океани“ се сними и видеоспот кој го режираше токму Мартин од Некст Тајм, додека Кристијан Теодоров беше задолжен за камерата. Спотот е снимен на неколку локации, а главни актери се тројцата другари од Ново Лисиче…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нивната имагинација нема граници: кои хороскопски знаци имаат „највалкани“ умови

Некои луѓе може да изгледаат сериозно и резервирано, но нивниот начин на размислување открива сосема поинаква слика.
Тие често ги доживуваат сите ситуации на свој заводлив, духовит и малку провокативен начин.
Нивните мисли можат да бидат неочекувано смели, а нивното чувство за хумор често оди во насока што може да ги изненади другите. Според ѕвездите, луѓето родени под овие хороскопски знаци имаат „највалкани“ умови.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата интензивна природа и страствен поглед на светот. Нивниот „валкан ум“ доаѓа од постојаната потреба да истражуваат скриени теми и да ги преминуваат границите. Нивната имагинација не познава граници и ништо не може да ги шокира.
Близнаци
Близнаците сакаат игри со зборови, двосмислени шеги и провокативни коментари. Нивниот брз ум честопати веднаш бара скриени значења и си игра со алузии. Забавно е да се биде во нивна близина токму затоа што секогаш имаат „валкана“ шега подготвена да го подигне расположението.
Стрелец
Стрелците се отворени, искрени и склони кон шеги кои не се секогаш „учтиви“. Нивниот хумор често ги преминува границите, а тие самите уживаат во тоа што можат да ги шокираат или насмеат другите со своите смели забелешки. Нивната слободоумност ги прави еден од знаците со „највалкани“ умови.
фото: принтскрин
Забава
Кој би помислил дека оваа жена има 67 години: нејзините фотографии во костим за капење воодушевуваат

Иако не е толку активна во актерскиот свет, легендарната Шерон Стоун е, навистина, вреден член на социјалните мрежи. Таа често објавува фотографии од големи настани, но и оние што ја скокоткаат имагинацијата на љубопитните набљудувачи.
Неодамна „закачи“ фотографија на Инстаграм во едноделен костим за капење и може да се каже дека кралицата на секси изданијата нема намера толку лесно да се откаже од летото и атрактивните комбинации.
Шерон гордо позираше на брод, а нејзината витка фигура, како и насмевката на нејзиното лице беа забележливи. Актерката едноставно блеска во подоцнежните години, а нејзините бројни обожаватели на мрежите го забележаа тоа.
„Прекрасна си“, „Уживај убавице“, „Толку си мила“, се само дел од коментарите…
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Марија Шерифовиќ слезе меѓу публиката да пее, а една девојка се обиде да ѝ го земе микрофонот, пејачката изреагира

Пејачката Марија Шерифовиќ настапи во Македонија, а снимка од овој настап се споделува на социјалните мрежи.
@goodboy03210 #marijaserifovic #srbija #makedonija #mrsbre ♬ original sound – Good_boy_
Една девојка се обиде да го земе микрофонот од Марија за да може да пее со неа, но пејачката веднаш возврати. Таа накратко престана да пее и луто рече: „Мрш“, со израз на чудење јасно видлив на нејзиното лице.