Македонија
СДС и ДУИ цел мандат ветуваа европско здравство, а ги ставија пациентите во агонија да чекаат термини за магнетна резонанција со месеци иако за тоа немало потреба, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС системски го уништувала македонското здравство во изминатите 7 години според извештајот на ДЗР каде утврдиле недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца при што граѓаните чекале, иако немало потреба.
СДС и ДУИ до толку го урнисаа здравството што ги оставиле граѓаните да чекаат со месеци за магнетна резонанца, иако за тоа немало потреба.
Борјот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 година до 2022 година е дуплиран според извештајот на ДЗР, а бројот на прегледи не е зголемен и истите се неискористени. ДЗР нотира и еден апарат кој е донација а воопшто не бил ниту ставен во функција.
СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија.
Наместо брзи термини, на време и без чекање здравството под раководството на СДС и ДУИ направило хаос во системот со термини. Во системот со термини со години се внесувале помалку термини, како последица на дефект на апаратите и поради необучен кадар а на огромна штета и агонија на пациентите кои не добивале услуга.
Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.
Катастрофалното менаџирање на СДС и ДУИ во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре сончево време со температура до 30 степени

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Почна реконструкцијата и изградбата на шест спортски терени во Гостивар

Општина Гостивар започна со реконструкција и изградба на 6 спортски терени, од кои 4 се спортски терени, еден парк со спортски терен и едно спортско игралиште, на различни населени места во градот.
Од нив, 3 постоечки терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, додека 3 нови терени ќе се изградат од почеток, според најсовремените стандарди за безбедност, квалитет и функционалност.
„Нашата цел е јасна: да создадеме простори каде што младите ќе поминуваат квалитетно време, ќе се занимаваат со спорт и ќе растат здрави. Овие инвестиции се инвестиции за иднината на нашите генерации,“ – истакна градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.
Македонија
Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави против 11 лица поради повеќе кривични дела поврзани со плаќање давачки за увоз и регистрација на половни моторни возила.
Меѓу пријавените е и 43-годишна вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово, осомничена за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавен е и 29-годишен контролор во станица за технички прегледи поради „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Останатите лица се сомничат за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „давање лажен исказ“.
Според МВР, во текот на 2024 година дел од пријавените договарале сопственици на возила со странски таблици, кои за половина од законските давачки за увоз, добивале регистрација без да ги платат потребните трошоци. Во електронскиот систем биле внесувани податоци за возила без платени царини, такси и надоместоци за регистрација.
Пријавениот контролор во станица за технички прегледи изготвувал и фалсификувани електронски табели налик на оние што ги издава Бирото за метрологија за хомологација на возила.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.