Свет
Шолц планира набргу да разговара со Путин за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц планира набргу да ги продолжи разговорите со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи ескалација на војната во Украина.
„Да, решив да разговарам со рускиот претседател во вистински момент. Но, јас сум одговорен политичар, не го правам тоа сам“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.
Тој додаде дека за разговор со Путин потребни се многубројни контакти и разговори со други, а за овој проблем треба да се разговара и со Украина.
На прашањето кога би било вистинското време за разговор со Путин, Шолц одговори дека ќе биде набргу“
„Мора да се осигури дека Украина може да се потпре на нас и на другите и дека не мора да се плаши да биде сама. Во исто време, правиме сѐ што можеме за да спречиме ескалација на оваа војна“, рече Шолц.
Тој додаде дека тие мора да одлучат дали војната ќе продолжи на неодредено време или може да се најдат начини за нејзино завршување.
Последен пат Шолц имаше телефонски разговор со рускиот претседател во декември 2022 година.
Официјална Москва на почетокот на октомври објави дека Путин е отворен за дијалог, дури и ако односите со Берлин се на нула.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Голем холандски брод гори во Аденскиот Залив; Хути: Го нападнавме

Хутите синоќа ја презедоа одговорноста за нападот врз холандскиот товарен брод „Минерваграхт“, кој гори во Аденскиот Залив.
Групата поврзана со Иран изврши бројни напади врз бродови во Црвеното Море од 2023 година, таргетирајќи ги оние за кои верува дека се поврзани со Израел. Ги опишува нападите како знак на солидарност со Палестинците околу војната на Израел во Газа.
Портпарол на војската на Хутите изјави дека нападот во понеделник бил извршен со крстосувачка ракета. „Минерваграхт“ пловел покрај брегот на Џибути во времето на нападот со 19 членови на екипажот и без товар, објави холандската компанија „Сплитхоф“, со седиште во Амстердам.
لحظة استهداف سفينة الشحن الهولندية (MV Minervagracht) من قبل انصار الله رجال اليمن في خليج عدن اليوم كانت متجهة للكيان الاسرائليي#اليمن #اليمن_مع_غزة_حتى_النصر #الامارات #الدوحة pic.twitter.com/NCLYCSVYA5
— علي السومري (@AlSumeria) September 29, 2025
„Минерваграхт е значително оштетен“, соопшти компанијата, додавајќи дека екипажот е безбеден и дека работи со меѓународни експерти и власти за да го спаси бродот.
Поголемиот дел од екипажот, вклучувајќи го и еден од повредените морнари кој е во стабилна состојба, беа префрлени на грчка и француска фрегата, соопшти поморската мисија на Европската Унија „Аспидес“.
Друг член на екипажот, кој беше сериозно повреден, беше префрлен со хеликоптер во Џибути. Јеменското движење соопшти дека го нападнало „Минерваграхт“ бидејќи неговиот сопственик ја прекршил „забраната за влез во пристаништата во окупирана Палестина“.
Ова беше првиот напад на Хутите врз комерцијален брод од 1 септември, кога тие го нападнаа израелскиот танкер „Скарлет Реј“ во близина на саудиското пристаниште Јанбу на Црвеното Море.
Во јули, Хутите го нападнаа и потопија товарниот брод „Меџик Сис“ и товарниот брод „Етернити Ц“ во Црвеното Море.
Регион
Пукањето во Белград на само 300 метри од куќата на Мирослав Илиќ, пејачот се огласи: „Боже господе, што се случува“

Во пукањето во Вишњичка бања се повредени пет лица, меѓу нив и една жена за чијшто живот се борат лекарите.
Според неофицијални информации, на пукањето му претходела тепачка, а сè се случило на нешто повеќе од 300 метри од куќата на познатиот пејач на народна музика, Мирослав Илиќ, пишува „Блиц“.
Илиќ по повод настанот се огласи за домашните медиуми.
„Живеам во мирна улица, во мирен крај. Чувај Боже што се случува. Не сум гледал вести и не сакам да знам“, изјави Мирослав за Телеграф.
Иако првичните информации укажуваа дека една жена починала, докторите во Ургентниот центар успеале да ја оживеат.
Неофицијално, повеќе вооружени лица излегле од бело комбе и почнале да пукаат. Овие информации засега не се официјално потврдени, а во тек е полициска потера по напаѓачите.
Очевидци опишале дека од белото комбе излегле неколку лица и почнале да пукаат насекаде.
Регион
(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

Пет лица беа ранети во пукање во кафуле во белградската населба Вишњичка бања, а едно лице е во животна опасност. Напаѓачите, кои пристигнале со бело комбе, влегле во локалот и отвориле оган по гостите.
Повредените – две жени и три мажи – се пренесени во Ургентниот центар. Полицијата покрена акција и сè уште трага по сторителите, јавува „Н1“.
Очевидци раскажаа дека на автобуската станица во близина имало голем број деца кои се разбегале уплашени, а пристигнувањето на итната помош се чекало долго. Жителите потсетуваат дека веќе подолг период имаат проблеми со навивачки групи во оваа населба.