Контакт

Култура

„Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини на 16 ноември на сцената на Националната опера и Балет

Објавено пред

Во рамките на „Месец на Пучини“ на 16 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.

dobivaj vesti na viber

Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога ќе настапи гостинката од Јапонија, Хироко Морита, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Флорин Естефан од Романија, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко Гапо, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“ Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.

Култура

Ексклузивен гала-настан „Жените на Пучини“ на 19 ноември во фоајето на Националната опера и Балет

Објавено пред

На 19 ноември со почеток во 20.00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев.

Во исто време во фоајето е поставена изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена како „Пучини низ историјата на МОБ“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Пред дождот“ за малку немаше да се случи, откри Манчевски во Кина, на 30-годишнината од македонскиот класик

Објавено пред

Македонскиот светски признат филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во чест на 30-годишнината од премиерата во 1994, изминатата недела беше прикажан во Сужу, Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, режисерот Манчевски со видеообраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше три проекции за три дена проследени со панел-дискусии со реномирани кинески филмолози.

dobivaj vesti na viber

„Како да ви го претставам ‘Пред дождот’? Тоа е филм што ‘Њујорк тајмс’ го стави на својата листа на 1.000 најдобри филмови некогаш создадени. Македонската држава го прогласи за културно наследство. Тоа беше филм што се случи многу бргу; тоа е исто така филм што речиси и немаше да се случи откога две недели по почетокот на продукцијата проектот беше речиси откажан. Снимањето на филмот беше исполнето со позитивна енергија, со инспирација, но и со борба да се одржи на вистинскиот пат, да се зачува неговата душа. Снимавме во македонските планини, кои не беа лесно достапни. Професионалци од 13 земји ги здружија силите во оваа македонско-британско-француска копродукција. Во близина, во Босна, беснееше војна“, рече Манчевски.

Тој додаде дека филмот е снимен и завршен на 35-милиметарска филмска лента, на старомоден начин. 20 години подоцна, во 2014 година кога македонската Кинотека ја презеде дигитализацијата на неговите филмови, меѓу кои и „Пред дождот“, се сочил со можност, но и со дилема – дали со дигитално коригирање на боите да се промени изгледот на филмот на значаен начин.

„Сепак, имав сериозни сомневања за оваа опција колку и да изгледаше привлечна. Причината за ова беше етичка. Чувствував дека ‘Пред дождот’ беше завршен во 1994 година. Тоа беше филмот што требаше да биде, завршено уметничко дело, што ги претставува филмаџиите во одреден момент во времето. Влегувањето во филмот повторно се чинеше малку како сквернавење. Се чинеше малку нечесно да се смени филмот години по неговото завршување. Така, решив дека најдоброто нешто за филмот и најчесното нешто во целина е да не ги сменам колор-корекциите на ‘Пред дождот’. Освен некои мали дотерувања, кои ги направија боите и светлината поспецифични и поверни на првичната идеја, новата колор-корекција најмногу ја зачува и ја изострува сликата од оригиналниот негатив. И, еве го, пред вас, драги гледачи во Кина. ‘Пред дождот’ од моето до вашите срца“, рече Манчевски.

„Пред дождот“ во Сужу беше дел од фестивалот со 8 реставрирани светски класици, меѓу кои и „Седум самураи“ на Акира Куросава, „Жртвување“ на Андреј Тарковски, „Разјарениот бик“ на Мартин Скорсезе, „Сенки на заборавените предци“ на Сергеј Параџанов, а ќе следуваат проекции и во Пекинг.

На 30-годишнината од светската премиера на Венецискиот фестивал и освојувањето на „Златниот лав“ за најдобар филм, „Пред дождот“ набргу повторно ќе се прикаже и во Бразил, каде што своевремено освои и фестивалски награди, имаше извонреден прием од публиката и критиката во кинодистрибуцијата и беше меѓу избраните за филм на годината. Исто така, „Пред дождот“ до крајот на годинава ќе игра и на државната телевизија во Словенија.

„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал, Мао Лијун, вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“. Филмовите на Манчевски се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмската структура.

Минатиот месец Државниот филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, во земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.

Во 2017 Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастер-клас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовира негова книга со фотографии и есеи издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг. Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и култниот американски режисер Абел Ферара.

Прикажи повеќе...

Култура

Гена Теодосиевска член на официјалното жири на 37. меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам

Објавено пред

На 37. Меѓународен фестивал на документарен филм во Амстердам (IDFA) што годинава се одржува од 14-24 ноември, на покана на уметничкиот директор Орва Нирабија, за член на официјалното жири за најдобар холандски филм е поканета новинарката и филмска критичарка од Македонија, Гена Теодосиевска.

dobivaj vesti na viber

Таа во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија ја иницираше Неделата на современиот Холандски филм во 2012 година, а во 2015 година заедно со Маријке Рави во просториите на Амбасадата ја органзираше и учествуваше во туторинг сесиите на пет сценарија на филмски автори од Македонија.

Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските состојби, Теодосиевска беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022-2024 година е назначена за уметнички директор на ИФФ „Киненова“.

Како продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венециската филмска Mostra во 2001 година.

Во последниве три и пол децении таа е посветен проследувач филмската уметност, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, и промотор на македонскиот филм на меѓународната сцена.

За член на жири била поканета на повеќе од 30. меѓународни филмски фестивали. Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, и EWA, а вработена е во МРТ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Ненавремено доставување на пратките, долгови, неправилности со фактурите и тендерите, констатира ревизорскиот извештај за „Пошта“

Ненавремено доставување на пратките, долгови, задолженост со кредити и камати, неправилности со јавните набавки, систематизацијата, се само дел од забелешките...

Топ8 минути

Кривична за убиство од небрежност: застрелал човек со кој бил во лов на дивеч

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип...

Македонија30 минути

Изгасен пожарот на планината Беласица

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата...

Топ55 минути

Фрлена бомба во Ќерамидница, едно лице пренесено во болница

Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена...

Свет3 часа

Уште една голема победа за Трамп, сега тој освои сѐ

Републиканците вчера ја зацврстија својата контрола врз Претставничкиот дом откога задржаа неколку критични места во Аризона и Калифорнија и ги...

Европа3 часа

(Видео) Во Шпанија синоќа се спасуваа луѓе, на улиците течеа порои

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Повеќето од нив се...

Македонија3 часа

Додека Скопје се задушува: Неспособноста и бизнис-интересите на нелегитимниот министер за животна средина го загрозуваат животот на граѓаните, велат од ДУИ

„Во време кога Скопје е еден од најзагадените градови во светот, нашите граѓани се соочуваат со директна закана по животот...

Свет4 часа

Борел предлага прекин на дијалогот со Израел поради загриженоста за војната во Газа

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предложи блокот да го прекине политичкиот дијалог со Израел, наведувајќи ги можните...

Европа4 часа

(Видео) Украинските сили го одбија пробивот на рускиот фронт кај Купјанск, се обрати Зеленски

Украинските сили го одбија обидот на руските војници да ја пробијат одбраната во близина на североисточниот град Купјанск, соопшти украинскиот...

Европа4 часа

(Видео) Се урна мост на Крим

На Крим се урна патниот мост меѓу селата Изумрудноје и Маслово, објави руското Министерство за вонредни ситуации на својот канал...

Македонија18 часа

Радев по средбата со Давкова: Ако Северна Македонија навистина има желба за ЕУ мора да ја исполни преговарачката рамка и договорот за добрососедство

Бугарија очекува македонските институции што поскоро да го спроведат она што е предвидено во Преговарачката рамка и во Договорот за...

Македонија21 час

Снегот нема да ги изненади институциите, државата е спремна за зимската сезона, нагласи Ангелов

Како држава сме подготвени за зимската сезона, порача директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Заклучокот, како што нагласи, доаѓа по одржаниот...

Македонија22 часа

ДУИ: Дискриминаторски буџет од Владата, без етнички легитимитет

Демократската унија за интеграција денес преку Прес конференција ја покажа некомпетентноста и празните зборови на оваа владина коалиција без етнички...

Македонија22 часа

Филипче: Предлог-буџетот за 2025 е неразвоен и недомаќинки, поднесуваме 200 амандмани, СДСМ нема да го гласа

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики...

Македонија23 часа

Казни за маркети и гостилници во Крива Паланка, уништени педесетина килограми небезбедна храна, соопшти АХВ

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка....

Македонија1 ден

Нови сведоштва за убиствата на Вања и Панче: таткото барал да му се прати порака на Илон Маск за да ја најдат преку сателит

Нови сведоци на денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Прва братучетка на мајката на...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамките на принципите и вредностите на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP...

Топ1 ден

18-годишник загина во сообраќајна несреќа во Охрид, 16-годишник со тешки повреди

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил...

Македонија1 ден

Кој ја дестабилизира државата, прашува ДУИ

„Во одговор на последните изјави кои ја адресираат ДУИ како фактор на дестабилизација, загрижувачка е леснотијата во користењето на разделувачката...

Европа1 ден

(Видео) Масивен напад со балистички ракети врз Киев, одекнуваат експлозии

Во цела Украина рано утринава е прогласена за воздушна опасност, а на жителите им е кажано да одат во засолништа....