Забава
Што ми направивте? Фала ви што бевте погласни од мене, фала и за ајварот, рече Шерифовиќ по концертот во Скопје
Марија Шерифовиќ вчера ја наполни скопската сала „Борис Трајковски“, а присутните на цел глас ги пееја нејзините песни и уживаа во атмосферата.
По концертот, пејачката ѝ се обрати на публиката преку социјалните мрежи коментирајќи дека не се почувствувала така од концертот во 2018 година.
„Македонија. Македонци. Што ми направивте? Мислев дека не може подобро по концертот во 2018 година. Кога ете. Ви благодарам за вашата љубов. Ви благодарам за секој испеан стих. Фала ви што бевте погласни од мене и од бендот. Фала за ајварот. Фала за насмевките. Ви ја дадов душата и зедов малку од вашата. Да си понесам. Да ме лечи. Синоќа ви кажав сѐ! Бидете добро. И знајте дека мирниот сон нема цена. Македонијо, ве сакам!“, рече Шерифовиќ.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Огромниот дијамантски ѓердан на Марија Антоанета продаден за 4,5 милиони евра, поврзан е со скандалот поради кој заврши на гилотина
Ѓердан обложен со дијаманти за кој се верува дека е поврзан со скандалот што го забрза падот на последната француска кралица Марија Антоанета во 18 век и доведе до нејзиниот трагичен крај, вчера беше продадена на аукција во Женева за 4,26 милиони швајцарски франци (околу 4,55 милиони евра).
Ѓерданот, во кој се вградени 300 каратни дијаманти, пред аукцијата се проценуваше на околу 2,13 милиони евра, објави претходно аукциската куќа Сотби, пренесува Ројтерс.
Парчето накит беше во центарот на скандалот во 1780-тите, познат како „Афера на дијамантскиот ѓердан“, во кој благородничката Жана де ла Моте, преправајќи се дека е француската кралица Марија Антоанета, зела ѓердан од златара во име на кралицата без да плати за тоа.
Судењето ја прогласи кралицата за невина, но скандалот ги подгреа гласините за екстравагантноста на Марија Антоанета што, меѓу другото, ги поттикна француските револуционерни власти да ја осудат на гилотина.
Забава
Една поинаква Нова година со Иван Босиљчиќ во „Македонска опера и балет“
Започнете ја Новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега! Оваа година, „Македонската опера и балет“ и „Прагма продукција“ ви нудат дочек кој е сѐ, само обичен не. Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со афтер-парти што ќе трае до изгрејсонце.
Замислете новогодишна ноќ исполнета со луксузна атмосфера, раскошно кабаре и стенд-ап хумор што ќе ви измами искрена насмевка. Иван Босиљчиќ, човекот чија харизма едноставно хипнотизира, ќе ви понуди уникатно шоу, полно со хитови, хумор, и искрени емоции. Тој ќе ве води низ една магична ноќ во која секоја нота и секоја шега ќе создадат атмосфера на интимност и гламур, носејќи ве на патување низ најдобрите песни и приказни.
Но, тоа не е сè! Тука магијата не завршува! По шоуто, сè уште нема да биде време за спиење – вистинската забава дури тогаш започнува! Eксклузивната ретро афтер-парти во малата сала на „Македонската опера и балет“, каде што Вера Јанковиќ ќе го одржи пулсот на вечерта со својата енергија и безвременски ретро хитови. Оваа ретро вечер ќе биде вистинско враќање во времето кога музиката зборуваше сама за себе.
Забава
Новогодишно музичко шоу со кабаре „Еуфорија“ на 30 декември во „Македонска опера и балет“
На 30 декември, „Македонската опера и балет“ ќе блесне како никогаш досега, бидејќи доаѓа кабаре „Еуфорија“ – спектакл кој ќе ги помести границите на забавата и уметноста. Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации.
Овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчери, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со преку 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти. Првиот дел – класичното кабаре кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови, претворајќи ја сцената во еуфорична забава.
Секој момент е прецизно осмислен за да создаде незаборавно искуство. На 30 декември, ќе ве потсетиме зошто уметноста не треба само да се гледа, туку и да се почувствува. Затоа, подгответе се за вечер што ќе го разбуди секое ваше сетило и придружете ни се.