Македонија
Во Тирана средба на министрите Муртезани и Хасани – зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справувањето со предизвиците од европската агенда
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска, во Тирана, оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани. Оваа средба ја рефлектира зајакнатата билатерална посветеност за напредување на интегративниот пат кон ЕУ на двете пријателски земји.
Во тој контекст, најнапред Муртезани упати честитки до албанскиот колега за неодамна одржаната втора меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, со што го почнува преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, според ревидираната методологија за проширување, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Темели“. Воедно, тој ја потенцира подготвеноста на Северна Македонија за почнување на преговорите до крајот на годината, што би бил дополнителен импулс за континуитет на заедничките напори во пробивот на европскиот пат.
Министрите Муртезани и Хасани ги реафирмираа традиционалното пријателство и блиските билатерални односи и разговараа за интензивирање на дипломатските врски и зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда.
Тие ја нагласија важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката решеност на Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат потребните реформи, кои се во согласност со европските стандарди. Министерот Муртезани посочи дека соработката на реформските агенди преку развивање заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и интензивирање на реформските процеси за двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

