Забава
Најубавата кралица на светот објави фотографија со внуката: „Првиот зум-состанок на бебето“
Јорданската кралица Ранија ал-Абдула на својот инстаграм-профил објави фотографија со својата внука Иман.
Насмеана позирала со девојчето за кое се грижела додека била на официјален состанок. „Првиот зум-состанок на бебето Иман“, напиша Ранија на фотографијата.
View this post on Instagram
Иман е ќерка на принцот Хусеин и принцезата Раџва и прва внука на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија. Девојчето го носи името како својата тетка, ќерката на кралот и кралицата на Јордан, принцезата Иман.
Да потсетиме, Ранија пораснала во Кувајт, а сопругот го запознала случајно, на вечера во 1993 година. Тие се венчаа истата година, со што Ранија стана јорданска принцеза. Таа стана кралица во 1999 година кога Абдула ја презеде улогата на крал. Заедно имаат четири деца.
View this post on Instagram
Веднаш штом стана принцеза, светските медиуми пишуваа за нејзината убавина, а подоцна ја нарекоа најубавата кралица на светот. Покрај убавината и префинетиот моден вкус, Ранија е позната и по својот интелект и како голем борец за правата на жените на Блискиот Исток. На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 10 милиони луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жена му рекла на сопругот да и’ плаќа по 100 евра неделно за готвење и чистење: „Некои ме мразат“
Алиса Али Ди (28) предизвика дебата на интернет откако откри дека нејзиниот сопруг Том (51) и плаќа 100 евра неделно за да готви и да го чисти нивниот семеен дом. Парот се запознал во војска, каде работеле заедно, а сега се во брак речиси три години и го очекуваат своето прво дете.
Во видеото кое го објави на „Јутјуб“, таа вели дека додека биле верени, одела на факултет и работела надвор од домот, но дека со текот на времето сфатила дека нејзиниот сопруг, според Алиса, сака повеќе внимание од неа, па се договориле дека ќе биде домаќинка.
„Договорот беше дека ако не сум добра домаќинка, ќе се вратам на работа“, објаснила идната мајка.
„Воопшто не би рекла дека сум феминистка. Мажите нè сакаат толку многу“, додала таа.
Алиса тогаш рече дека повеќето од домашните работи, како готвење, чистење и перење сама ги извршува и дека добива 100 евра неделно за нејзиниот труд.
Таа објасни дека оваа плата и носи повеќе пари отколку што некогаш заработила за време на нејзината воена кариера и дека внимателно управува со семејниот буџет.
„Сакам да живеам за да не морам постојано да се грижам за финансиите и да размислувам колку пари имам“, вели таа.
„Секако, има жени на социјалните мрежи кои ме мразат. Но, тие се главно над 30 години и сингл”, додала Алиса.
Видеото кое беше објавено пред неколку дена е прегледано речиси 15.000 пати и е преплавено со коментари од луѓе чии мислења беа поделени.
Многумина разговараа за животите на Алиса и Том. Една корисничка на Јутјуб рече дека 100 евра не се доволни за да се покрие целиот труд што таа го вложува во семејниот дом.
„Прави што сакаш девојче, но и знај ја својата вредност и не плашете се да го побарате она што го заслужувате, што е повеќе од 400 долари месечно за целата таа работа“, напиша.
Една жена се согласи со коментарот.
„Прекрасно. Би сакала да имам ваков традиционален брак, каде жената е среќна дома додека се грижи за своето семејство“, напиша таа.
Имаше и такви кои не го поддржуваа овој начин на живот.
„Имав врска со дечко кој се обиде со мене, сакаше да му бидам куќна помошничка. Тоа е причината поради која раскинавме”, рекла една девојка.
„Проблемот овде е што зависиш од него, немаш ништо свое. Да се биде независна како жена сепак има своја вредност“, додаде друг корисник.
Забава
(Видео) Британка продала се’ што имала и се преселила на Балканот: „Си купив куќа за 26.000 евра“
Британката Дона Харди се преселила со семејството од Сканторп, Англија на имот во Велико Трново на северот на Бугарија, пишува Дејли Мејл.
43-годишната мајка на три деца продала се што имала и решила да започне нов живот во Бугарија, а куќата ја купиле за само 26.000 евра. Имотот се состои од голема куќа во прилично лоша состојба и помала куќа, како и голема штала и неколку помошни згради, гаража и хектар земја.
„Куќата е прилично трошна, но јас и моето семејство сме многу среќни“, објасни Дона, која на „Тик-ток“ покажува како изгледа нејзиниот живот на имотот во Бугарија.
@donnahardy2181 so one question we keep being asked is how much did we pay for the house #uktobulgaria #oldhouse #bulgaria🇧🇬 #family #newlife #houserenovation #buyingahouse #howmuch ♬ Here Comes the Sun – Relaxing Instrumental Music
Дона вели дека се надева оти помалата куќа на имотот ќе биде за нејзината 12-годишна ќерка, и објасни дека таа и нејзиното семејство дошле во Бугарија со виза Д, која им се дава на оние кои сакаат да влегуваат во земјата за да се населат таму на подолг период.
Иако ги чека многу работа, од распакување и реновирање на домот, за што ќе треба труд, време и пари, семејството е задоволно од одлуката. И ќерката на Дона, Елис, купила имот во нивна близина за 25.000 евра и уште еден помал за 8.400 евра, преку eBay, додека Дона куќата ја купила преку агенција за недвижности.
@donnahardy2181 my bulgarian home in the winter check it out it’s gorgeous I love the snow #winterinbulgaria #snow #uktobulgaria #renovation #bulgaria🇧🇬 #dream #bulgariadirect ♬ snowfall – Øneheart & reidenshi
Инаку, според британските медиуми, просечната цена на куќа во Велика Британија е 282.000 фунти или 338.000 евра). Во Лондон цените се многу повисоки и се движат околу 518.000 фунти или 621.000 евра.
Во коментарите под нејзините видеа, Британците возвратија, но реакциите беа поделени. Некои го пофалија нејзиниот потег, додека други не беа баш воодушевени од идејата.
@donnahardy2181 life on the land in bulgaria #uktobulgaria #houseinbulgaria #bulgaria🇧🇬 #newlife #sheep ♬ Tree of Life (Instrumental) – Forest Elves
„Багатела. Честитки за заминувањето од Англија, заслужуваш аплауз“, „Купив куќа во Бугарија во 2018 година и како Англичанец можам да ти кажам дека тоа беше вистинскиот потег и дека луѓето се прекрасни“ и „Да , можеш да купиш евтино во Бугарија куќа, но таму немаш ништо, а на зима ќе мрзнеш“, се дел од коментарите.
Забава
Невеста на свадбата понудила само веганска храна, гостите си порачувале пици
Невеста на „Редит“ се пожали за она што и се случило на нејзината свадба. 28-годишната веганка откри дека се расплакала откако гостите на нејзината свадба нарачале пици бидејќи вечерата била само веганска.
Невестата открила дека три години не јадела млечни или месни производи и решила да има исклучиво веганска вечера, но не ги известила гостите за тоа. Таа призна дека намерно избегнувала да им каже на гостите дека пред венчавката дека јадењата се вегански за да „нема предрасуди“.
„Ние намерно не спомнавме дека храната е веганска на поканите бидејќи сакавме луѓето да уживаат во неа без предрасуди. Секое јадење е дизајнирано да биде вкусно и задоволувачко, без оглед на преференциите во исхраната“, објасни таа, додавајќи дека потрошиле 15.000 фунти. (18.000 евра) само за храна.
Но, нејзиниот план пропаднал кога нејзиниот братучед нарачал 20 пици и им рекол на гостите дека има „вистинска храна“. Неговиот потег ја налути и таа се расплакала. Ги праша корисниците на Редит што мислат.