Македонија
Македонскиот пат кон ЕУ е заложник на билатерализацијата на проширувањето – средба на Сиљановска-Давкова со словачкиот претседател, Петер Пелегрини
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на учеството на самитот за климатски промени (КОП 29) во Баку, оствари средба со претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, македонските евроинтеграции, како и за потребата од заеднички регионален пристап во надминување на глобалните предизвици.
Словачкиот претседател на средбата оцени дека македонската евроинтеграција е заложник на билатерализацијата на проширувањето на ЕУ, при што нагласи дека Словачка е силен поддржувач на проширувањето на Европската Унија и Братислава ја критикувала блокадата на македонската евроинтеграција на многу состаноци на Советот на ЕУ.
Претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека високо ја цениме досегашната поддршка од Словачка за македонскиот евроинтегративен пат и изрази убедување дека меѓусебната помош ќе продолжи и во натамошниот дел од процесот на нашето пристапување во Европската Унија.
Претседателката изрази задоволство од континуираниот развој на македонско-словачките односи и уверување за уште поуспешна и плодна соработка во периодот што следува. Како сојузнички во НАТО, претседателката Сиљановска-Давкова изрази уверување за продолжување на добрата соработка во одбраната и во безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Преку соработката на компанијата „СОКАР“ со АД ЕСМ државата ќе добие уште пониска цена на гас
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО). По настанот одговарајќи на новинарско прашање, што подразбира соработката со азербејџанскиот енергетски гигант „СОКАР“ којашто денеска ја склучија со АД ЕСМ, информираше дека станува збор за компанија, преку која АД ЕСМ во последниот квартал годинава се снабдува со гас, а со меморандумот очекувањата се дека државата ќе добие уште пониска цена на гас.
„Да, тоа е навистина фантастична вест, тоа е нешто позитивно за нас како држава. „СОКАР“ е гигант, „СОКАР“ е огромен гигант, како компанија „СОКАР “веќе и доставува повеќе од дваесет PSM во Европа. Тоа се дваесет милијарди нормални метри кубни гас во шест земји до овој момент и таа бројка се зголемува, сега и со нас.
Преку „СОКАР“, ЕСМ се снабдува во последниот квартал од оваа година со гас, за затоплување и производство на електрична енергија. Тоа во бизнисот за гас во суштина е прв квартал. Следната година, нашиот прв квартал, во бизнисот за гас ќе биде втор квартал, така малку кај нив поинаку функционира.
Очекувам дека со овој меморандум и уште пониска цена ќе добиеме. Такви се очекувањата и она коешто јас сум го разговарал со државниот врв во Азербејџан. И навистина со ова покажуваме дека подготвени ќе ја пречекаме зимата и дека нема да имаме проблем во снабдувањето со енергенси“, изјави премиерот Мицкоски.
Македонија
Тошковски: Набавивме нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот, метежот е минато
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.
„Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој… Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски воедно уште еднаш потсети и апелираше уште еднаш до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.
Скопје
Орце Ѓорѓиевски: Првпат по половина век, жителите од улицата 25 во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на активностите за изградба на улица, за првпат по половина век, каде што претходно жителите добија и целосна фекална канализација. Се работи за сериозен проект, како што информираше тој, бидејќи ова барање на жителите со години се провлекувало но досега не било реализирано.
„Работата е она што ме исполнува и мотивира да направиме уште повеќе, да има задоволни граѓани и да ги решаваме децениските проблеми.
Еден таков, сега целосно решен а се провлекува веќе 50 години низ лавиринтите на лажните ветувања е улицата ,,25” во Припор. Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби. По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно. Изградивме фекална канализација во должина од 530 метри, а денес по завршувањето, почнавме со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина. Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем. Затоа, продолжуваме во секое населено место, кај секој домаќин да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање. Мојот народ заслужува! – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.