Македонија
(Видео) Спречени обиди за шверцување кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и друга стока
Во текот на изминатата недела, царинските службеници на граничните премини и мобилни тимови при Одделението за оперативни работи, Сектор за контрола и истраги спречија обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и друга стока, а спречен е и нелегален изнес на девизи. При контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење откриени се и производи што не биле опфатени со царинските документи.
Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.
· Спречени обиди за криумчарење на 85 штеки цигари по извршени контроли на гранични премини Меѓународен Аеродром Скопје, Богородица и Меџитлија.
– На излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје, царински службеници спречија криумчарење на 60 штеки цигари, што косовски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата и по воздушен пат да ги внесе нелегално во Лондон. Штеките цигари се откриени при контрола на багажот на патникот. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
– 19 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари пронајдени под креветот во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 6 штеки цигари без акцизни маркички, се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени во кабината и во надворешни прегради на влекачот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
· Царински службеници на граничен премин Богородица спречија нелегален изнес на девизи. Девизите се откриени при претрес на тројца патници, македонски државјани, коишто патувале со автомобил. При контролата во чантата на еден од сопатниците, како и во џебот од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 10.990 евра, 3.200 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои патниците не поседувале ниту документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на лицата им се вратени средства во противвредност од 2.000 евра, а останатите се задржани. За сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка.
· Мобилен тим спречи обид за криумчарење на офталмолошки производи, меѓу коишто 16 леќи, 48 пакувања 360 мл раствор за дезинфекција на леќи, но и 137 делови за моторни пили. Непријавените производи се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово. Производите, што не биле опфатени со царинските документи, се запленети, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

55 парчиња облека се откриени при контрола автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени во 4 куфери и торби сместени во багажникот на возилото се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
228 пара женски обувки се откриени при контрола на камион со српски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во товарниот дел на камионот, кој бил натоварен со стока наменета за фирма од Србија, покрај пријавената стока биле откриени 19 кутии со женски обувки кои не биле опфатени со царинските документи. Истите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови, се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште. Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

498 литри маслиново масло, 30 шишиња од по 750 мл вино и 450 парчиња женска облека, се откриени при контрола на патничко комбе со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото, се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
· 71 водни пумпи за автомобили се откриени при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени
Скопје, 9 декември 2025 – Еурофарм, еден од најпрепознатливите фармацевтски брендови во државата, оваа година одбележува значаен јубилеј – 25 години од започнувањето на развојниот пат од една аптека до национална мрежа која ја сочинуваат 123 современи аптеки, и препознатлива улога во македонскиот фармацевтски сектор и заедницата.
Целата приказна за досегашниот развој на Еурофарм е преставена преку видео.
Основана во 2000 година како семеен бизнис, компанијата денес вработува околу 620 лица – дипломирани фармацевти, фармацевтски техничари како и економисти, правници и друг персонал. Во изминатите 25 години компанијата ја градела својата позиција преку систематска работа, вложување во човечки ресурси и создавање мрежа од современи аптеки со отворен пристап, професионална грижа и континуирана едукација на фармацевтите. Во последните пет години, Еурофарм редовно се наоѓа помеѓу 100-те најголеми компании во Македонија, што го потврдува континуираниот раст, стабилност и квалитетен развоен модел.
„Горда сум што она што почна како мала, семејна и искрена идеја, денес е национален бренд на кого му го доверуваат здравјето илјадници граѓани. Нашиот раст никогаш не бил случаен, туку резултат на јасна визија, долгогодишна работа и посветеност на тимот составен од исклучителни професионалци“, изјави м-р спец. фарм. Татјана Стерјева, сопственичка и генерален менаџер на Еурофарм Дооел и една од првите основачи на ланецот аптеки Еурофарм.

Во изминатите години компанијата вложи значителни средства во развој на продажната мрежа, модернизација на капацитетите за складирање, унапредување на дистрибуцијата, како и во континуирана едукација и професионален развој на фармацевтите и останатиот кадар.
„Нашата најголема инвестиција секогаш биле луѓето – фармацевтите, фармацевтските техничари и сите професионалци кои го создаваат Еурофарм. Верувам дека квалитетна услуга може да се понуди само ако континуирано се вложува во знаење, стандарди и услови за работа“, додава Стерјева.
Паралелно со одбележувањето на јубилејот, Еурофарм најавува нов значаен проект: изградба на нова, современа веледрогерија, дизајнирана по највисоките светски стандарди во логистика, автоматизација и безбедност при дистрибуција на лекови. Новиот објект ќе претставува клучен чекор во следната фаза од развојот на компанијата, со цел подигнување на ефикасноста, проширување на капацитетите и обезбедување уште повисок квалитет и достапност на лекови и фармацевтски производи.
„Иднината ја гледам како продолжување на успешната приказна на Еурофарм, но со нова енергија. Ќе инвестираме во дигитални услуги, во модерни фармацевтски решенија, во образование на фармацевтите, во уште попристапни аптеки. Но најважно, ќе продолжиме да бидеме човечки бренд. Свесна сум дека здравството се менува, технологијата се менува, но довербата останува најважна. Нашата мисија за следните 10 години е многу едноставна: секој пациент да се чувствува сигурно, разбрано и поддржано“, посочува Стерјева.

Тргнувајќи од тоа дека успехот што го остварува компанијата има вистинско значење само ако е споделен со заедницата, Еурофарм во континуитет во изминатите две и пол децении реализира бројни општествено одговорни иницијативи и проекти за поддршка на заедницата, од донации во образовни и здравствени институции, до поддршка на спортски, едукативни и културни програми. Во 2023 година, компанијата ја доби и Националната награда за општествено одговорна практика за проектот „Семејно здравје“.
ПР
Македонија
СДС ако има докази за незаконски постапки нека поднесе пријава до Коцевски кој жилаво го брани Филипче од одговорност за милионски криминал, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„Спиновите на СДС и хистеријата за наводен криминал не поминува. СДС во очај од своите егзистенцијални проблеми почна да конструира наводни скандали за некакви тендери, постапки кои се согласно закон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Секоја фирма и компанија во државава кои ги исполнува условите и критериумите има право да учествува на постапки за јавни набавки, а на крај да се избере најповолната понуда.
И во двете постапки кои СДС сака да ги претстави како скандал, испочитувана е законската процедура и фирмата која дала најповолна понуда е избрана.
Никој од имињата кои СДС ги споменува нема ниту сопственички удел, ниту некаква поврзаност со фирмите, а најмалку има допирна точка со тендерската постапка.
СДС во обвинителството си има свој републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски, кој Венко Филипче, жилаво го брани од одговорноста за криминалот со модуларните болници, вакцините од фирми за овошје по двојно повисоки цени, приватизацијата на стерилизацијата низ јавните здравствени институции, аудито Q8 подарок од фирмата која ги доби најголемите тендери за набавка на јаглен и уште ред други.
Затоа, топло им препорачуваме, се што имаат нека поднесат кај него за да испита. Но знаат дека немаат никаков доказ, зошто се е согласно законските процедури, па само шират хистерија која веќе ни нивните членови не ја оправдуваат.
Помина времето на СДС кога тендерите се договараа во четири очи, сега сè се работи согласно закон и процедури.
Во однос на Ивица Томовски кој упорно се обидуваат да го поврзат со фирма за одржување на хигиена, иако и тој и фирмата негираа било каква поврзаност, ги прашуваме дали истата фирма, која добивала тендери во време на власт на СДС, и тогаш го чистела буџетот под нивна команда“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Герасимовски: Општина Центар го отвори електронскиот Анкетен прашалник за креирање на Буџетот за 2026 година
Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала.
„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Преку електронскиот прашалник, граѓаните може да предлагаат проекти од различни области: образование, социјална, детска и здравствена заштита, култура, спорт и рекреација, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи, како и реконструкција и санација на училиштата.
Со ова, општина Центар овозможува вистинско и директно учество на граѓаните во подготовката на програмите за работа и во дефинирањето на приоритетите во буџетот за 2026 година, велат од Општината.
Анкетниот прашалник е достапен на следниот линк

