Свет
Трамп им даде клучни владини места на Илон Маск и на коментатор на „Фокс њуз“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами заедно да го водат новосоздадениот Оддел за владина ефикасност давајќи уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот. Го избра коментаторот на „Фокс њуз“ и ветеран Пит Хегсет за свој секретар за одбрана.
Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами заеднички ќе го водат новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата. Тој „ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да го намали расипничкото трошење и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.
— Elon Musk (@elonmusk) November 13, 2024
Трамп рече дека новиот оддел ќе ги исполни долгогодишните републикански соништа и „ќе обезбеди совети и насоки надвор од владата“ сигнализирајќи дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални, без да се бара одобрување од Сенатот и да му се дозволи на Маск да остане на чело на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, на платформата за социјални медиуми X и на ракетната компанија „Спејс икс“.
Новиот оддел ќе работи со Белата куќа и со Канцеларијата за менаџмент и буџет за да „иницира големи структурни реформи и да создаде претприемачки пристап“ кон владата каков што досега не бил виден, рече Трамп.
Маск, рангиран од „Форбс“ како најбогат човек на светот, веќе има корист од победата на Трамп, а од милијардерот претприемач се очекуваше да има извонредно влијание за да им помогне на своите компании и да обезбеди поволен владин третман.
All actions of the Department of Government Efficiency will be posted online for maximum transparency.
Anytime the public thinks we are cutting something important or not cutting something wasteful, just let us know!
We will also have a leaderboard for most insanely dumb… https://t.co/1c0bAlxmY0
— Elon Musk (@elonmusk) November 13, 2024
Трамп го спореди барањето за ефикасност со проектот „Менхетн“, потфатот на Америка за атомска бомба што помогна да се стави крај на Втората светска војна, а Маск вети транспарентност. „Сите активности на Одделот за владина ефикасност ќе бидат објавени онлајн за максимална транспарентност“, рече Маск на X повикувајќи ја јавноста да даде совети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.