Свет
(Видео) Трамп пристигна во Белата куќа, му кажа на Бајден дека политиката е тешка
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател, Џо Бајден.
Тие се сретнаа во Овалната соба. Трамп му рече на Бајден дека политиката е тешка.
„И во многу случаи тоа не е убав свет. Но, денес е убав свет“, додаде.
Трамп му се заблагодари на Бајден за непречената транзиција, а тој му одговори: „Нема на што“.
Biden and Trump meet in the White House and act like buddies pic.twitter.com/QpfLZgiP4f
— Aaron Rupar (@atrupar) November 13, 2024
Ова е нивна прва средба по претседателската дебата во јуни. Дуото се ракуваше.
„Ние честитаме и се радуваме на непречената транзиција, како што рековме. Сепак, можеме да се погрижиме да бидете сместени со се што ви е потребно, и ќе имаме можност да разговараме за нешто од тоа денес“, рече Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шмигаљ: Четири милијарди евра од Европскиот фонд за поддршка на Украина
Европската комисија даде позитивна оценка за доделувањето на втората транша финансиска помош за Киев во износ од 4,1 милијарди евра од Европскиот фонд за поддршка на Украина, а одлуката мора да биде одобрена од Советот на Европската унија, објави украинскиот премиер Денис Шмигаљ.
Европската комисија утврди, според написите во светските медиуми, дека Украина ги исполнила сите девет точки од реформските обврски, што беше услов за исплата на новата транша од помошта. Се нагласува дека реформите се однесуваат на борбата против корупцијата, условите за бизнис, правилата на пазарот на труд, стандардите на пазарот на енергија и заштитата на животната средина.
Шмигаљ истакна дека по исплатата на оваа транша, Украина годинава ќе добие 16,1 милијарди евра од Европската унија, пренесува Укринформ.
Очекуваме Советот на ЕУ брзо да ја потврди денешната одлука на Европската комисија, изјави украинскиот премиер.
Европскиот фонд за поддршка на Украина е програма од 50 милијарди евра, а беше одобрена на крајот на минатата година за периодот од 2024 до 2027 година.
Свет
Шефот на мировните сили: ОН остануваат во Либан
Шефот на мировните сили на ОН, Жан-Пјер Лакроа денеска изјави дека УНИФИЛ (Привремените сили на ОН во Либан) ќе остане на сите свои позиции во јужниот дел на таа земја и покрај интензивните борби меѓу израелската армија и екстремистите на либанскиот Хезболах.
УНИФИЛ продолжи да ја следи ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хезболах преку границата позната како Сина линија и покрај израелските повици мировниците да се повлечат пет километри од неа.
Силите на ОН во Либан го обвинија Израел за намерно уништување на опремата за надзор и дека во борбите се повредени 13 мировници.
Лакроа денеска посети некои од ранетите во Либан.
Тој рече дека силите на УНИФИЛ ќе продолжат да бидат распоредени на сите позиции и оти смета дека е многу важно да се зачува нивното присуство.
Шефот на мировните сили на ОН додаде дека доколку УНИФИЛ си замине, некои од завојуваните страни ќе ги преземат тие позиции.
„Ние имаме одговорност да обезбедиме дека ОН и понатаму се гледаат како неутрални и непристрасни“, рече Лакроа.
Свет
Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина. Тој го кажа ова во Мастрихт на собирот „Предавања на принцезата Беатрикс“, објави денеска „NL Times“.
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер изјави дека додека не се најде рамнотежа ќе има војни, но не светски, туку регионални војни.
Бауер очекува да ги види основите на двата посебни светски поредоци во различни делови на светот во рок од пет до 10 години.
Бауер оценил дека решавачкиот пресврт е тоа што Северна Кореја испратила војници да се борат против Украина заедно со Русите и дека како резултат на тоа војната повеќе не може да се реши без склучување договор со Северна Кореја, Иран и Кина, пренесува Танјуг.