Забава
Никол Кидман за својата покојна мајка: Посакувам да го гледаше мојот нов филм, со нетрпение го очекуваше
Никол Кидман жали што нејзината покојна мајка не можела да ги види нејзиниот најнов филм и серија. Говорејќи за „Венити фер“, Кидман (57) размислуваше за влијанието на смртта на мајка си Џенел Ен Кидман откога таа ненадејно почина во септември 2024 година, вклучувајќи го и она што нејзината покојна мајка оттогаш го пропушти.
„На некој начин, таа беше мојот компас. Беше како да ја изгубив таа поддршка, но во исто време си помислив: ‘Во ред, тогаш ова е за неа’. Она што таа го сакаше за мене и сестра ми беше да пораснеме во жени што може да го изразат своето мислење и да имаат можности, особено оние што таа самата ги немала во својата генерација“, рече таа.
Актерката нагласи и колку мајка ѝ ја сакала нејзината кариера: „Навистина ја обожаваше“.
„Таа ќе беше тука за мене во подемите и падовите, во сето тоа. Нејзината суштина беше движечка сила во текот на мојот живот. Посакувам да можеше да го гледа овој дел. Беше многу возбудена за Babygirl и Perfect Couple, но таа не успеа да види ниеден од овие проекти“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Роналдо го угости најпопуларниот jутјубер во светот: „Се плашиш да не те надминам?“
„Изненадувањето што ќе го сруши интернетот“ кај Кристијано Роналдо беше јутјуберот MrBeast (Џими Доналдсон).
„Се сретнав со MrBeast за да го срушиме интернетот“, е името на видеото кое заедно го снимија најпопуларниот фудбалер на денешницата и најпопуларниот јутјубер на денешницата. Многумина предвидуваа дека јутјуберот ќе биде мистериозниот гостин на Роналдо.
Пред камерите разговараа на повеќе теми, а MrBeast му даде совет на Роналдо како да го подобри својот канал на Јутјуб, иако можеби навистина нема потреба од таков совет со оглед на тоа што веќе има речиси 70 милиони претплатници.
„Дали се плашиш дека ќе те надминам?“, го праша Роналдо.
И токму така почна муабетот. Роналдо го праша јутјуберот што мисли за тоа што успеал да собере 60 милиони претплатници за еден месец, додека на MrBeast му биле потребни 13 години за тоа.
„Искрено, мислев дека ќе добиеш 20-30 милиони во првиот месец“, рече MrBeast. „Кога дојдовте до 60, реков: О, Боже. Најмногу претплатници, пред тебе, за еден месец беа 20 милиони, а тоа бевме ние“, додаде тој.
Нивниот разговор досега е прегледан над 15 милиони пати.
Забава
„Молитва“ е една од трите најавени нови преработки што ќе се отпее на концертот „Македонијо, во срце те носиме“ во Филхармонијата
12 преработки на можеби најубавите македонски патриотски песни, исто толку изведувачи… 18 концерти низ цела Македонија, еден во дијаспората… вака некако низ бројки би можела да се опише двегодишната приказна наречена „Македонијо во срце те носиме“, што ја раскажуваат Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски.
И се вели најубавото се чува за крај, а дека е навистина така домашната публика ќе се увери на 7 декември кога во Филхармонија музичката екипа, инаку предводена од Скендеровски продукција, ќе запее во придружба на симфониски оркестар под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Освен веќе добро познатите 12 преработки за кои беше задолжен маестро Николче Мицевски, чии се и оркестрациите за концертот, публиката ќе има можност на сцената да види и да чуе уште три нови. Една од нив е преубавата „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски.
„Нека расте о, Боже родот убав мој! Најголемиот благослов е да пееш со вакви ангели! Ви ја подаруваме оваа а capella изведба на „Молитва”… и повторно се заблагодарувам на Миле Барбаровски за ова вонвременско дело… Ви подаруваме момент на емоции и искреност, не користевме никакви постпродукциски технологии, ова што го гледате и слушате сме јас и прекрасниот училишен хор и мандолинскиот оркестар на училиштето „Григор Прличев“ и нивната неуморна и прекрасна наставничка Елена Владева-Апостолов, која толку умно ги храни овие детски глави со македонска музика! На концертот со нашиот проект „Македонијо во срце те носиме“ на 7 декември оваа композиција ќе ја чуете со големиот симфониски оркестар“, открива Бојана, која во рамки на проектот ја отпеа и прекрасната „Заветна“
Од Скендеровски продукција откриваат дека сите средства од продажбата на билетите ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ, па сосема очекувано настанот се најавува како прекрасна музичка претстава.
Забава
Насликан мурал со Ѓорѓи Колозов во скопско кафуле во близина на Соборниот храм
Мурал во чест на еден од најпознатите и најдобрите македонски глумци со кого израснаа многу генерации, Ѓорѓи Колозов, осамна во скопско кафуле.
„ Ако државата не му изгради споменик, народот му гради паметници… (овде се секако исклучок муралот поддржан од Министерство за култура и гестот на Град Скопје под раководство на Шилегов да крсти улица со неговото име – за ова сме многу благодарни)“, сподели неговата ќерка Катерина Колозова.