Црна хроника
Уапсена 26-годишна скопјанка, при претрес во нејзиниот дом пронајдени марихуана и кокаин
Вчера во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода 26-годишната Н.С. од Скопје.
При претрес во домот каде престојувала, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и две дигитални ваги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава по брза постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.
Црна хроника
Пронајдена дрога во Тетово, приведени пет лица
На 19 ноември околу 18 часот на улицата Ван Вардарска во Тетово, полициски службеници ги приведоа Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени околу 450 грама марихуана.
Во текот на денешниот ден со соодветна кривична пријава, тие се предадени на надлежен обвинител, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од 30 дена. Лицата се предадени во КПУ Затвор Скопје.
Црна хроника
Дал возило како компензација за изработка на мебел: останал и без мебел и без автомобил
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во мај 2022 година, со друго лице договориле меѓусебна компензација за изработка на мебел во вредност од 3.500 евра, а за истата сума оштетеното лице на пријавениот му го дал своето патничко возило „фолксваген голф“.
Пријавениот доцнел со изработка на мебелот и не му се јавувал на лицето, а во септември 2023 го продал неговото возило на авто плац и на тој начин го измамил лицето.