Забава
Селена Гомез верува дека славата во детството го забавила нејзиниот развој: Беше многу тешко време

Поп ѕвездата Селена Гомез неодамна откри дека мисли оти нејзината детска слава го запрела нејзиниот развој во дваесеттите.
Имено, во интервју за магазинот „Ел“, пејачката и актерка се осврнала на влијанието на славата во нејзиното детство и открила што би сакала да знае пред да зачекори во светот на познатите.
„Не се каам за ништо и имам фантастично семејство и правилата ги поставуваат моите родители и јас го ценам тоа. Сепак, мислам дека не би го направила тоа на многу млада возраст ако размислував за себе“ изјави Гомез.
Гомез објасни дека имало многу работи и ситуации поради кои се чувствувала како да заостанува зад другите.
„Додавањето голем притисок од другите луѓе не ми помогна да развијам чувство за себе во моите дваесетти. Тоа беше многу тешко време. Јас живеам со него секој ден“, изјави таа.
Поп ѕвездата призна дека се труди позитивно да гледа на светот и да се фокусира на проектите што ги сака.
„Се трудам да останам позитивна за се’ и да се фокусирам на работите што навистина ме прават среќна. Сепак, би им рекла на другите дека можеби треба да почекаат и да живеат малку“, додаде таа.
Инаку, Гомез својата актерска кариера ја започна со појавувањето во серијата „Barney & Friends“ во 2002 година кога имаше 10 години. Само пет години подоцна таа стана ѕвезда како главна актерка во „Волшебниците од Вејверли Плејс“ на каналот Дизни.
Таа подоцна ја прошири својата кариера во музичката индустрија со потпишување со Холивуд Рекордс и формирање на сопствен бенд. Во исто време, таа продолжи да снима филмови и музика. Поради болест, извесен период ја паузираше кариерата, но неодамна се врати и моментално работи на филмот „Емилија Перез“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сузан Бојл се појави на Вимблдон и многумина не ја препознаа

Шкотската пејачка Сузан Бојл, која се здоби со слава во 2009 година со својот настап во шоуто „Британија има талент“ Britain’s Got Talent, ретко се појавува во јавноста, но сега по долго време објави нова фотографија.
На својот Инстаграм се пофали дека присуствувала на финалето на женскиот дел од турнирот Вимблдон Гренд слем, каде што многумина дури и не ја препознале бидејќи се појавила во необично издание со шапка. Го гледала натпреварот помеѓу Ига Свјантек и Аманда Анисимова.
Сузан Бојл привлече големо внимание од јавноста во 2009 година кога ја испеа песната „I Dreamed a Dream“ во „Britain’s Got Talent“ и за само 72 часа собра повеќе од 2,5 милиони прегледи на YouTube. Настапот сега има повеќе од 263 милиони прегледи.
View this post on Instagram
Потоа стигна до финалето, каде што го освои второто место. Во текот на нејзината кариера, таа собра бројни обожаватели и заработи 22 милиони фунти, но продолжи со скромен живот. Имено, пејачката сè уште живее во својот дом од детството во Западен Лотијан.
Пред десет години, ѝ беше дијагностициран Аспергеров синдром и епилепсија, а во април 2022 година доживеа благ мозочен удар. По интензивната рехабилитација, таа се врати на сцената, вклучувајќи емотивен настап на „Britain’s Got Talent“ во јуни 2023 година, каде што ја изведе песната што ја направи позната.
Во пролетта 2025 година, таа го прослави својот 64-ти роденден и го најави своето големо враќање на светската музичка сцена.
„Се вратив во музичкото студио за прв пат по шест години – нешто за кое ми беше кажано дека можеби никогаш повеќе нема да можам да го направам. Но, еве нè, повторно на моето среќно место! Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата менаџерка Џералдин што ме поддржуваше низ сè и ми помогна да се вратам таму каде што припаѓам“, напиша таа неодамна на Инстаграм.
Забава
(Фото) Фустани што никогаш не излегуваат од мода, како ќе ги носиме ова лето

Уште од почетокот на опсесијата со модните трендови од 90-тите и во 2000-тите, сатенските фустани се омилен избор за сите свечени пригоди.
View this post on Instagram
Популарноста на овие едноставни и женствени фустани не опаѓа со години, а нивните кроеви и најпосакуваните бои се приспособени на актуелните сезонски трендови.
View this post on Instagram
Па, така, наместо класичните слип-модели со тенки прерамки и прав опуштен крој, оваа сезона гледаме разни верзии од овој стил погодни и за вечерни и за дневни пригоди.
View this post on Instagram
Кокетната естетика зеде замав минатата сезона, а сатенските фустани совршено се вклопуваат во овој хиперженствен изглед. Едноставните кроеви почнаа да се украсуваат со романтични детали, како што се шевови и апликации од тантела, најчесто машни и цвеќиња.
View this post on Instagram
Од друга страна, со доаѓањето на потоплото време фустаните со имагинативни шари стануваат сè позастапени – од тропски мотиви до животински принтови, кои често ги гледаме во малку полежерни комбинации.
View this post on Instagram
Што се однесува до класичните минималистички кроеви, многу популарни се тесните fitted-верзии на слип-фустанот, како и моделите со малку подебели прерамки и ретро шарм.
View this post on Instagram
Забава
(Фото) Серена Вилијамс ја доведе својата фигура до совршенство: „Ова веќе не е истата личност“

По одлуката да го остави својот рекет во 2022 година, тенисерката Серена Вилијамс сврте нова страница.
Таа поголемиот дел од своето време го посвети на семејството и на ќерките, кои ги доби во бракот со Алексис Оханијан, но и на промената на сопствениот имиџ.
Покрај нејзината неверојатна сила, тениската кариера на Серена Вилијамс беше обележана и од нејзиниот физички изглед.
Таа отсекогаш имала изразени и дефинирани мускули, што ја правело да изгледа многу поголема отколку што всушност била.
Но, сега приказната е сосема поинаква.
View this post on Instagram
Таа неодамна објави импресивни фотографии на „Инстаграм“ од сала за вежбање, а ние – без филтри и апликации за убавина – имавме можност да ја видиме вистинската состојба на поранешната шампионка.
Како што можете да видите, Серена ја доведе својата фигура до совршенство, но нејзините стомачни мускули се сè уште во преден план.
Навистина, таа навистина ужива во своето пензионирање!