Контакт

Забава

Чад Мајкл Мареј во жешка фотосесија за календар

Објавено пред

Актерот Чад Мајкл Мареј се фотографира за календар на „Нетфликс“ и ѝ остави малку простор на имагинацијата.

dobivaj vesti na viber

На сите фотографии актерот позира без маица.

„Ако не можеме малку да се забавуваме на работа, која е поентата? Календарско време е“, гласи објавата на Чад на своите социјални мрежи.

Календарот на интернет се продава за 58 евра, а фотографиите беа објавени од страна на „Нетфликс“.

Забава

Кејт Мос: На 15 години позирав гола за насловна, многу плачев поради тоа

Објавено пред

Кејт Мос се присети на почетоците на својата кариера.

dobivaj vesti na viber

Почнала да се занимава со манекенство како тинејџерка во Кројдон, Лондон. Таа тврди дека во 1990 година била принудена да позира гола за насловната страница на магазинот „Фејс“. Сè уште, и по тоа снимање, многу плачев затоа што морав да се соблечам“, изјавила 50-годишната манекенка, пренесува „Дејли мејл“.

Јас, Корин, фризерот Дру Џерет и шминкерот Дик Пејџ бевме таму во тоа време. Го натерав Дру да се сврти затоа што беше исправен. Не сакав да ме погледне, бев навистина срамежлива. Имав 15 години и бев топлес во списание, сè уште одев на училиште. За среќа, „Фејс“ не се продаде во Кројдон, па мислам дека никој навистина не го видел“, се сеќава Кејт.

„Почнав да се фотографирам топлес на млада возраст и бев свесна дека имам бенка на десната града. Толку многу го мразев тоа што плачев. Никогаш не сакав да бидам топлес. Плачев и морав да преболам затоа што Деј би рекол: „Ако не го сториш тоа, нема да те резервирам за следната работа“, додаде таа. Имено, Мос на една од фотографиите ги криела интимните делови со рацете и со капа, а на другата е фотографирана топлес со пердув.

Во 2005 година Кејт Мос се најде во центарот на скандал кога медиумите објавија фотографии на кои се гледа како манекенката наводно зема дрога во студиото во кое работело нејзиното тогашно момче Пит Доерти. Поради тој скандал, манекенката изгубила многубројни профитабилни договори и отишла на клиника за рехабилитација.

„Кога имав мал скандал, имав голема поддршка од луѓето во модниот бизнис. Штом можев да се вратам на работа, сите ме примија. Тие ми рекоа: „Не, нема да дозволиме да те фрлат“, призна Мос.

Иако беше најпопуларниот модел во 90-тите, Кејт Мос дебитира дури на 50-годишна возраст на ревијата на „Викторија сикрет“, која се одржа во средината на октомври во Њујорк по шестгодишна пауза.

Додека моделите како Џиџи Хадид и Палома Елсесер им мавтаа на толпата додека одеа, Мос ја задржа својата заштитна острина. Таа прошета во црн проѕирен фустан од тантела со здолниште од тил. Емануел Алт, поранешна главна уредничка на „Париз Вог“, беше задолжена за дизајнирање на шоуто и ја убеди Кејт да учествува.

Прикажи повеќе...

Забава

Јоко Оно ја доби судската битка за часовникот на Џон Ленон

Објавено пред

Јоко Оно победи во правен случај, во кој, часовникот, некогаш во сопственост на нејзиниот убиен сопруг Џон Ленон, ѝ припаѓал нејзе, а не на приватен колекционер.

dobivaj vesti na viber

Швајцарскиот сојузен врховен суд ја отфрли тужбата на колекционерот што го купил часовникот на аукција.

Јоко Оно на својот сопруг му подари часовник Patek Philippe, вреден четири милиони швајцарски франци, за неговиот 40-ти роденден во 1980 година, само два месеца пред да биде убиен во Њујорк. На часовникот таа имаше изгравирано стих од песна што заедно ја компонирале.

Неколку децении подоцна часовникот се појави на аукциска куќа во Германија. Таму го купил еден колекционер, но кога се обидел да го процени во Женева, Јоко Оно дознала за тоа.

Колекционерот сакал да го задржи часовникот за кој платил тврдејќи дека го купил со добра волја. Сепак, швајцарските судови пресудиле против него, вклучително и швајцарскиот сојузен врховен суд, кој е последна инстанција.

Во пресудата стои дека возачот што работел кај Јоко Оно го украл часовникот. Судбината на возачот по кражбата не била дел од постапката во Швајцарија.

Прикажи повеќе...

Забава

Ако вашата лозинка е на оваа листа, сменете ја веднаш

Објавено пред

„Норд пас“ ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот, па и годинава лозинката 123456 се наоѓа на врвот на неславната листа на најнекреативни лозинки како најкористена лозинка.

dobivaj vesti na viber

Истата лозинка се најде на врвот на оваа листа пет од шест пати откако „Норд пас“ ја објави, со исклучок на листата од 2022 година кога еднакво познатата лозинка – password ја зазеде првата позиција. Но, овие годишни списоци секогаш вклучуваат лозинки како QWERTY, ABC и 123 за кои луѓето сè уште веруваат дека може да ги заштитат нивните најлични информации.

Многу корисници избираат лозинки како iloveyou (тесакам) или fuckyou (е*исе). За некои, лозинките се одраз на нивните интереси, а многумина се одлучуваат за имиња како лозинки. Некои се залажуваат дека P@ssw0rd е оригинална идеја не знаејќи дека е потребно помалку од секунда за да се пробие.

Секако, постојат варијации кога станува збор за најчесто користените лозинки во разни земји. На пример, првите места во Финска и Унгарија ги заземаат лозинките salasana и jelszo, но кога ќе се преведат, јасно е дека тие се исти лозинки – и двете значат „лозинка“.

За да ја креира својата листа, „Норд пас“ користи база на податоци од 2,5 TB од јавно достапни извори, од кои некои се пронајдени на темната мрежа. На многу од овие лозинки им се потребни милисекунди за да ги пробијат хакерите, па ако вашата лозинка е на оваа листа, треба да ја замените со нешто малку покреативно.

На листата на 10 најкористени лозинки на глобално ниво се 123456, 123456789, 12345678, password (лозинка), qwerty123, qwerty1, 111111, 12345, secret (тајна) и 123123.

Ако се споредат списоците на топ-10 лозинки за лични и деловни сметки, забележливо е дека тие се речиси идентични, што покажува дека луѓето имаат тенденција да се потпираат на истите слаби лозинки и дома и на работа.

Лозинката треба да биде долга најмалку 20 знаци и да содржи големи и мали букви, бројки и симболи, порача „Норд пас“. Избегнувајте лозинки што лесно се погодуваат, како родендени, имиња или вообичаени зборови. Не треба да користите иста лозинка за повеќе локации или услуги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР, ова е само за да се затскрие настанот со бомбата во Ќерамидница

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските...

Македонија5 часа

Отказ добија 15 високи полициски функционери, кои незаконски давале дозволи за поседување оружје

Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување оружје,...

Свет6 часа

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да стави...

Македонија6 часа

Од денес задолжителна зимска опрема за возилата

Од денес почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска...

Македонија6 часа

Граѓаните дишат загаден воздх, а власта ги намали парите за животна средина и чист воздух во буџетот, реагираат од СДСМ

Според СДСМ, не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе презема мерки за воздухот и со системски решенија ќе обезбеди чиста животна средина

Загадувањето на воздухот не е проблем што може да се реши во четири месеци власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од...

Свет7 часа

Зеленски ќе претстави нов план следната недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, најави дека следната недела ќе претстави нов план составен од 10 точки. „Продолжуваме да работиме на...

Македонија7 часа

Подготвени сме да се соочиме со гласачите, велат од ДУИ барајќи предвремени избори

Политичката партија ДУИ и утрово се осврна на повикот за предвремени избори, заедно со локалните, коментирајќи дека тоа не е...

Македонија10 часа

Променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег

Времето денеска, променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од...

Македонија1 ден

Извршен увид по експлозијата во Ќерамидница, се вршат разговори со лица што би можеле да имаат одредени сознанија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на самото место во скопската населба Ќерамидница, каде што утрово при...

Македонија1 ден

Бесплатни тестови за рак на простатата во „Железничар“: капка крв може да им го смени животот на мажите над 45 години

Секој четврток до крајот на овој месец во Здравствениот дом „Железничар“ во центарот на Скопје мажите над 45 години може...

Македонија1 ден

Дали в година ќе има нови лекови за дијабетес на позитивната листа ќе одлучи комисијата, вели Таравари

Дали в година ќе има нови лекови за дијабетес на позитивната листа, ќе одлучи комисијата која е формирана од Министерството...

Македонија1 ден

Бомбата во Ќерамидница фрлена во дворот на Штекли, кој претходно се обидоа двапати да го убијат во „Ист гејт мол“

Бомбата во скопската населба Ќерамидница била фрлена во дворот на Раде Трајковски-Штекли, кој е пренесен во болница, но е надвор од...

Европа1 ден

(Видео) Нови снимки од поплавите во Шпанија, над илјада интервенции во текот на ноќта

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Shocking scenes from the...

Македонија1 ден

Ненавремено доставување на пратките, долгови, неправилности со фактурите и тендерите, констатира ревизорскиот извештај за „Пошта“

Ненавремено доставување на пратките, долгови, задолженост со кредити и камати, неправилности со јавните набавки, систематизацијата, се само некои од забелешките...

Топ1 ден

Кривична за убиство од небрежност: застрелал човек со кој бил во лов на дивеч

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип...

Македонија1 ден

Изгасен пожарот на планината Беласица

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата...

Топ1 ден

Фрлена бомба во Ќерамидница, едно лице пренесено во болница

Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена...

Свет1 ден

Уште една голема победа за Трамп, сега тој освои сѐ

Републиканците вчера ја зацврстија својата контрола врз Претставничкиот дом откога задржаа неколку критични места во Аризона и Калифорнија и ги...

Европа1 ден

(Видео) Во Шпанија синоќа се спасуваа луѓе, на улиците течеа порои

Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1.163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Повеќето од нив се...