Забава
(Видео) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите: „Изгледа одлично на 55 години“
Џенифер Лопез (55) имаше спектакуларен настап на ревијата 1001 Seasons of Elie Saab, која се одржа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Таа ги отпеа некои од своите најголеми хитови во блескаво сребрено боди со длабоко деколте и на тој начин му оддаде почит на либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, кој со оваа модна ревија прослави 45 години работа во светот на модата.
Таа ги изненади фановите со настап кој траеше речиси осум минути, а го започна со големиот хит I Will Survive. Таа ги отпеа и песните On the Floor, Let’s Get Loud и Waiting for Tonight.
Инаку, ревијата ја одбележаа дури 300 манекенки и бројни познати личности, меѓу кои Хали Бери, Камила Кабело и Моника Белучи. Големо внимание привлече Селин Дион, која ги испеа песните I’m Alice и The Power Of Love и ја воодушеви публиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Колку капути има кралицата Летиција: еден и е омилен и го носи секоја година
Кралицата Летиција од Шпанија нема конкуренција кога станува збор за стил и елеганција, па затоа е една од најдобро облечените жени во Европа. Секое нејзино ново појавување е приказна сама по себе и таа секогаш воодушевува со некое модно парче.
Сега таа воодушеви во Мадрид за време на официјалната посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер кога блесна во црна наметка по 14-ти пат.
Под наметката што беше „рециклирана“, кралицата Летиција имаше асиметричен црвен фустан и салонки со ниска потпетица во малку потемна нијанса од фустанот. Се чини дека Летиција дефинитивно го претпочита овој модел на обувки пред сите други.
Сепак, пелерината го украде целото внимание, а фактот дека ја носеше во февруари оваа година, како и во претходните години, покажува дека ова парче е задолжително за секоја жена во текот на зимата.
Кралицата го комбинираше и со подолги и со пократки фустани, а наметките совршено одат со фармерки.
Забава
(Видео) Дамското издание на Кејт Мидлтон е за секоја пофалба
За време на посетата на добротворната организација за ментално здравје на децата „Ана Фројд“ во Северен Лондон, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, одлучи да облече креација која е украсена со минимализам.
Станува збор за фустан од британската дизајнерка Емилија Викстед кој комбинира класична елеганција со пепито дезен. Самиот фустан ја нагласува витката фигура на Кејт, а еден детаљ – висока јака – му дава доза на елеганција.
Треба да се напомене дека таа веќе го носела овој дел од облеката за време на самостојната посета на Универзитетот Харвард во 2022 година.
Стајлингот го комплетираше со сиви чевли, дискретни додатоци и брановидна фризура. Забележлива беше и блескавата насмевка што го комплетираше изданието на омилената кралица на светот.
Забава
(Фото) Иванка Трамп позираше со својата ќерка, сите коментираат: „Прекрасна е“
Иванка Трамп неодамна отпатува во Париз, придружувана од нејзината ќерка Арабела Роуз. Мајката и нејзината миленичка уживаа во зимската магија на француската престолнина, а успеаја да ги забележат прекрасните моменти во форма на фотографии.
Иванка објави компилација од фотографии на Инстаграм, а овој пат не беа објавите на атрактивната русокоса тие што привлекоа посебно внимание, туку природната убавина на нејзината ќерка.
14-годишната девојка блескаше во дискретни комбинации, но вечерните парчиња сепак привлекоа посебно внимание. Првата комбинација е металик сив фустан кој ја следи линијата на телото, а е украсен со интересни детали во пределот на градите и светки.
Втората ја прикажува прекрасната Арабела во впечатлив мини фустан со светки во црни, златни и црвени тонови. Таа го комплетираше стајлингот со длабоки црни чизми, а нејзината мајка Иванка ја придружуваше на фотосесијата.
„Длабоко сум благодарна за прекрасните спомени што ги создадов со Арабела минатиот викенд во Париз“, напиша таа кратко, а потоа започна лавина од коментари.
„Прекрасна си“, „Го обожавам твојот стајлинг“, „Толку е убаво што уживате заедно“, се само неколку од коментарите.

