Свет
Американско министерство бара од судот да му наложи на „Гугл“ да го продаде „Хром“
Американското Министерство за правда и група држави поднесоа барање до федералниот суд да го принудат Google да го продаде својот прелистувач Chrome, што би можело суштински да го промени бизнисот на компанијата вредна 2 трилиони долари и да ја преобликува конкуренцијата на Интернет, пишува Њујорк Тајмс.
Барањето доаѓа по историската пресуда во август кога американскиот судија Мехта пресуди дека Google ги прекршил антимонополските закони трошејќи милијарди долари за да создаде нелегален монопол и да стане стандарден пребарувач во светот. Судијата Мехта му нареди на Министерството за правда и на државите тужители да предложат решенија за корекција на монополот.
Покрај продажбата на прелистувачот Chrome, тие побараа од судијата да му понуди на Google избор: или да го продаде Андроид, неговиот оперативен систем за паметни телефони или да спречи Google да ги направи неговите услуги задолжителни на телефоните со Android.
Доколку Google ги прекрши тие услови или ако предложените решенија не ја подобрат конкуренцијата, владата би можела да ја принуди компанијата да го продаде Андроид во иднина.
Во огромната пријава, исто така, е побарано од судијата да му забрани на Google да склучува платени договори со Apple и други за да го направи неговиот пребарувач автоматски да биде поставен како стандарден на паметните телефони и прелистувачите. Судот, исто така, треба да му наложи на Google да им дозволи на конкурентните пребарувачи да ги прикажуваат резултатите на Google и пристап до неговите податоци во следните десет години, се вели во предлогот.
Предложените мерки се најзначајните барања за решавање на доминацијата на пазарот во технолошкиот сектор откако Министерството за правда во 2000 година побара да се подели Мајкрософт. Доколку судијата Мехта ги прифати овие предлози, тие ќе го постават стандардот за низа други случаи кои ја оспоруваат доминацијата на технолошките гиганти, вклучувајќи ги Apple, Amazon и Meta.
Принудената продажба на Chrome и Android би била едно од најнеповолните решенија за Google. Chrome, кој беше претставен во 2008 година и е бесплатен за користење, е најпопуларниот веб-прелистувач во светот со околу 67 отсто удел на глобалниот пазар на прелистувачи, според Statcounter, платформа која ги следи пазарните трендови во технологијата. Пребарувачот на Google е вграден во Chrome.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко помилува 32 затвореници осудени за екстремизам
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица кои беа во затвор поради екстремизам, пренесе агенцијата Белта.
Меѓу помилуваните има 24 мажи и осум жени, а според белоруската новинска агенција, сите ја признале вината и побарале помилување од претседателот.
Како што се наведува, 17 помилувани се со хронични заболувања, еден е инвалид, девет се на возраст над 50 години, а 17 имаат деца.
Свет
Итно хоспитализиран: шефот на Светската здравствена организација заврши во болница
Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус е хоспитализиран во болницата Самаритано Бар да Тијука во Рио де Жанеиро, пренесува локалниот весник О Глобо. Тедрос побарал лекарска помош поради симптоми на лавиринтитис и хипертензивна криза, откако покажал знаци на болест за време на самитот на Г20.
Лавиринтитис е воспаление на лавиринтот, системот исполнет со течност во внатрешното уво, додека вестибуларниот невритис е воспаление на вестибуларниот нерв. И двете состојби вклучуваат воспаление на внатрешното уво, каде што лавиринтите кои го содржат вестибуларниот систем откриваат промени во положбата на главата или движењето на главата.
Тедрос побарал лекарска помош откако почнал да покажува знаци на овие здравствени проблеми за време на самитот на Г20.
Хипертензивната криза е итна, често опасна по живот состојба придружена со симптоми и знаци на акутно оштетување на срцето, мозокот, бубрезите или очите. Во основата на нарушувањето е тешката, малигна (забрзана) хипертензија, предизвикана од ненадејно, критично зголемување на крвниот притисок над 180/110 mmHg.
Свет
Напад со возило во Пакистан, убиени најмалку осум шиити
Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени кога патнички возила со шиитски муслимани беа нападнати во северозападен Пакистан.
Нападот се случи во областа Курам во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, каде во последните месеци се водат судири меѓу сунитското мнозинство и шиитското малцинство, при што во некои инциденти загинаа десетици луѓе, пренесе АП.
Претставник на локалната полиција Нусрат Хусаин рече дека возилата со патници патувале од Парачинар кон Пешавар кога отвориле оган.