Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со идејата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи

Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) На славниот актер му паднаа панталоните кога се качи на сцената: „Не понесов ремен“

Актерот и музичар Џек Блек во понеделникот гостуваше во „Вечерното шоу“, а уште на почетокот доживеа незгода која ги насмеа сите во студиото. Водителот Џими Фалон го најави својот гостин кој влезе во салата свирејќи на гитара.
Блек почна да свири, а потоа се спушти до бендот. Откако заврши со играњето, отиде кај Фалон. Тогаш пред сите му паднаа панталоните под кои носеше шарени боксерки. Фалон почна да се смее, како и публиката, а на Џек изгледа воопшто не му пречеше.
Откако го прегрна домаќинот, Блек ги облече панталоните и почна заводливо да ги ниша колковите и го изведе својот препознатлив потег.
„Носиш топлина, носиш енергија!“, рече Џими, а Џек се пошегува: „Не донесов ремен. Тоа е она што не го донесов“.
Блек моментално го промовира својот нов филм „Мајнкрафт“.
Џек минатата година се најде во центарот на вниманието, откако неговиот колега Кајл Гас, даде непримерен коментар на нивниот концерт. Џек и Кајл настапуваа во Сиднеј, а Гас тој ден го прославуваше својот роденден. Во оваа прилика на сцената му донесоа торта и му рекоа да си посака жена. „Немојте да го промашите Трамп следниот пат“, рече тој, алудирајќи на обидот за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп во јули. Иако по изјавата го продолжија концертот, Џек подоцна се извини и го откажа остатокот од турнејата.
„Бев изненаден од она што беше кажано. Никогаш не би толерирал говор на омраза или поттикнување политичко насилство од каков било вид. По многу размислување, мислам дека не е соодветно да се продолжи со турнејата, а сите идни планови се ставени во мирување. Благодарен сум на фановите за нивната поддршка и разбирање”, напиша тој.
Забава
Бил вмешан во синџир на проституција, Жан-Клод Ван Дам се соочува со обвинувања

Во Романија е покренато обвинение против актерот, Жан-Клод Ван Дам, јавуваат медиумите.
Дам е предмет на истрага во врска со случај со трговија со луѓе. Наводно, користел услуги на криминална мрежа, а во наводната трговија со луѓе биле вклучени и малолетници.
Според извештаите, адвокатот на една од жртвите поднел жалба до романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам, која исто така објавила официјална изјава, но без да именува имиња.
Според адвокатот на една од наводните жртви, Адријана Кукулис, случајот го води Канцеларијата за истрага на организиран криминал и тероризам на романското обвинителство.
„Кривичниот случај ги открива меѓународните врски со идолите од нашето детство. Жан-Клод Ван Дам е обвинет дека користел сексуални услуги на пет романски девојки кои истовремено биле во ранлива состојба“, рече бранителот.
Според романските медиуми, обвинителството добило изјава од една млада жена која рекла дека учествувала во настани во кои девојки му биле нудени на Ван Дам.
Според нејзиното сведочење, вакви случаи имало во Кан, Франција. Наводите на жртвата се однесуваат на користење на услуги од луѓе кои биле свесно експлоатирани.
Истрагата утврдила дека наводно од 2000 до 2016 година, девојчиња, вклучително и малолетници, биле вклучени во сексуална експлоатација преку неговите организации, користејќи психолошки притисок.
Забава
Вал Килмер бил во врска со многу познати жени, но една му го скрши срцето

Вал Килмер, легендарниот американски актер познат по улогите во филмовите „Топ ган“ и „Бетмен засекогаш“, почина на 65-годишна возраст поради компликации предизвикани од пневмонија.
Љубовниот живот на Килмер беше исто толку интригантен како и неговите филмски улоги. Со текот на годините тој беше поврзуван со неколку познати жени од светот на забавата.
Една од најпознатите врски на Вал Килмер била со пејачката и актерка Шер. Нивната романса почна во раните 80-ти и покрај 14-годишната разлика во годините, тие развија силна врска.
Шер во интервју во ноември 2024 година изјавила дека е лудо вљубена во Килмер, но тој решил да ја прекине врската. И покрај раскинувањето, тие останаа блиски пријатели, а Шер истакна дека споделуваат слична смисла за хумор и меѓусебно почитување.
Килмер беше во брак со британската актерка Џоан Вели од 1988 до 1996 година. Двојката се запозна на снимањето на филмот Willow од 1988 година.
За време на нивниот брак тие добија две деца: ќерката Мерцедес (1991) и синот Џек (1995).
Тој беше поврзуван и со позната манекенка Синди Крафорд по неговиот развод во 1996 година.
„Треба да бидете посветени кога сте со жена која е исто толку динамична и посветена на својата работа како Синди Крафорд, која беше модел број еден во светот во тоа време“, рече тој во емисијата „Добро утро, Америка“ во 2020 година зборувајќи за нивната врска.
Актерот беше во врска и со Дерил Хана, актерка позната по улогите во филмовите „Блејд Ранер“ и „Челични магнолии“ во раните 2000-ти. Тој го нарече раскинувањето негово најболно кршење на срцето од сите дотогаш.
По нивната романса во 2001 година, Килмер во својата книга откри дека плачел секој ден половина година.
Килмер соработуваше со Анџелина Џоли во филмот „Александар“ од 2004 година.
„Кога луѓето ме прашуваат каква е Анџелина, јас секогаш велам дека е како другите жени и другите суперѕвезди – само поголема“, напиша тој во својата книга.
„Поубава. Повеќе мудра. Повеќе трагична. Повеќе магична. Повеќе приземна. Дали вреди? Дали вреди да се познаваат луѓе за кои е потребно недели напор за да разберат барем малку? Да“.
Покрај споменатите, Килмер се поврзува и со уште неколку познати жени, меѓу кои и продуцентката Џејси Госет, актерката Елен Баркин и пејачката Карли Сајмон. Во своите мемоари Килмер призна дека раскинувањето со Дерил Хана било едно од најтешките во неговиот живот.