Забава
Лејди Гага негира дека имала естетска операција, експертите тврдат дека направила нешто
Популарната пејачка Лејди Гага неколку пати во јавноста зборуваше дека се подложила на козметички третмани, но секогаш негирала какви било естетски зафати. Сепак, козметичките експерти забележале некои промени на нејзиното лице, пишува Дејли Мејл.
Нивното мислење е дека пејачката има направено естетски зафати, вклучувајќи ринопластика, отстранување на маснотии на лицето, па дури и операција за преобликување на аглите на очите.
Пластичниот хирург Џоел Копелман се сомнева дека Гага направила операција за затегнување на кожата. Истражувајќи ја нејзината трансформација во последните две децении, докторот анализирал нејзина фотографија од 2004 година, кога имала 18 години. Потоа забележал асиметрија во левиот горен очен капак во споредба со десниот и исполнетост на врвот на носот.
„Од 2010 година пејачката почнува да изгледа поинаку“, истакна тој и додаде дека можеби го оперирала носот бидејќи тогаш носот и изгледал потесен. „Исто така, нејзините усни изгледаат пополни, па може да се заклучи дека најверојатно користи некои филери за полнење и зголемување на усните“, додаде Копелман.
Ја анализирал и нејзината фотографија од 2011 година, кога имала 25 години. Забележал дека и се подигнати очните капаци и поради тоа заклучил дека можеби имала операција за подигнување на очните капаци. Со фотографија од 2015 година заклучил дека Лејди Гага најверојатно ги отстранува салото од лицето.
„Порано тоа беше шминка, но сега мислам дека има структурна промена“, додаде тој.
На фотографијата од 2018 година тој ја забележал симетријата меѓу нејзините очни капаци и така заклучил дека сигурно имала операција на очните капаци. Овој доктор верува и дека Гага користела филери на усните и под веѓите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

