Свет
Брод полн со туристи потона во Египет

Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море.
„Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од разни националности и 14 члена на екипажот.
Инцидентот се случил околу 5.30 часот кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.
#BREAKING
Thirty-one tourists are missing after the boat Sea Story sank near Marsa Alam, an Egyptian Red Sea resort.
The vessel, carrying 31 tourists of various nationalities and 14 crew members, sent a distress signal around 5:30 am during a scuba diving trip. Departing from… pic.twitter.com/mex8RtqvIN
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) November 25, 2024
Египетската морнарица мобилизира хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.
Контролниот центар ги алармирал властите, вклучително и Центарот за поморско спасување, а тимовите за пребарување и спасување почнале големи спасувачки операции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во земјотресот во Мјанмар, прогласен прекин на огнот во граѓанската војна

Владејачката хунта во Мјанмар прогласи привремен прекин на огнот во својата граѓанска војна во вторникот за да ги олесни хуманитарните напори по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, каде загинаа повеќе од 3.000 луѓе.
На државната телевизија МРТВ денеска беше објавено соопштение од високата воена команда во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.
Претходно, едностран прекин на огнот беше прогласен од страна на вооружените групи на отпор кои се спротивставија на воената влада.
Овие групи мора да се воздржат од напад на државата или прегрупирање, во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се вели во соопштението на армијата.
Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот.
Земјотресот со епицентар во Мјанмар е силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета. Бројот на загинати денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Сепак, се претпоставува дека бројките се многу поголеми.
Мјанмар веќе доживуваше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од три милиони луѓе биле внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им била потребна помош дури и пред земјотресот.
Свет
Трамп пред да ги објави новите царини: Денес е ден на ослободување на Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи пред објавувањето на новите царини, што се очекува вечерва.
На својата платформа „Трут соушал“ тој напиша: „Денес е денот на ослободувањето на Америка!“
Трамп го прогласи денешниот датум – 2 април – „Ден на ослободувањето“, тврдејќи дека објавувањето на одмазднички царини ќе ги ослободи САД од зависноста од странска стока.
Сè уште не се познати сите детали за царините, но се очекува тоа да има глобални последици.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди јапонскиот остров Кјушу

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот остров Кјушу, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 76 километри југоисточно од градот Мијаконојо и 54 километри југо-југоисточно од градот Ничинан, на длабочина од 14 километри.
Засега нема информации за потенцијални жртви или штети.