Забава
Тарантино појасни кои филмови одбива да ги гледа
Квентин Тарантино е познат по својата критика на филмската индустрија и често ја нагласува важноста на оригиналноста во приказните. Во разговор со Брет Истон Елис, Тарантино откри дека не го интересираат филмските преработки.
Тој рече дека неколкупати ја гледал оригиналната адаптација на „Дина“ на Дејвид Линч и не сака да ја гледа повторно. Оригиналната верзија на „Дина“ од 1984 година се смета за еден од најслабите филмови на Линч, а најновата верзија е пофалена. За Тарантино, општ проблем е концептот на преработките.
„Еден римејк по друг, само бескрајно повторување. Луѓето ме прашуваат: Дали сте го гледале ‘Дина’? А јас велам, не, не“, рече Тарантино.
Режисерот зборуваше и за новата верзија на „Талентираниот г. Рипли“ на „Нетфликс“ со Ендрју Скот. Тој нагласи дека не гледа поента во постојано повторување на истата приказна.
„Има шест или седум книги за Рипли. Ако веќе правите нова верзија, зошто ја правите истата приказна што е снимена двапати? Ја гледав приказната двапати, но не ми се допадна во ниедна верзија. Сега навистина не ме интересира да ја гледам третпат“, објасни Тарантино.
Одбивањето на Тарантино да гледа преработки се заснова на неговото верување во моќта на оригиналните приказни, кои досега не биле видени. Како што тврди, оригиналноста е она што ги дефинира добрите филмови, а ако приказната не е нова, тогаш верува дека, едноставно, не е за него.
На почетокот на овој месец тој го пофали филмот што многумина го нарекуваат неуспех на годината – „Џокер“.
Тој особено ги пофали актерските способности на Хоакин Феникс. Изјави дека ова е една од најдобрите актерски изведби што ги видел. Иако на многумина им пречи тоа што Joker: Folie a Deux личи на мјузикл, Тарантино смета дека е генијален.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

