Македонија
Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат временски период да ги отстранат недостатоците, а доколку не го направат тоа ќе бидат санкционирани.
Воедно потенцираше дека реформите во високото образование ќе се случат и ќе напредуваме како држава.
„Инспектори од државниот просветен инспекторат ќе има на сите универзитети и сите ќе добијат разумен рок доколку не ги исполнуваат условите да ги отстранат, а доколку тоа не се случи ќе бидат санкционирани согласно закон како што е предвидено. Треба и ќе има реформи во високото образование тоа да бидете сигурни и дека ќе напредуваме на скалите и дека ќе имаме нов закон за високото образование“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека за брзо ќе се вратат и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија од кои ќе се напредува и многу скоро ќе биде бесплатно за сите универзитети, да може сите работници на универзитетите бесплатно да го користат сите тие списанија од овие две научни бази.
Во однос на прашањето од пратеникот Димитар Апасиев за образованието на директорот на АНБ, премиерот Мицкоски посочи дека документите за универзитетот кои пратеникот не се целосни, а инспекција на тој универзитет ќе има како и за сите останати.
„Можеби ги доставил некој документите до господинот Апасиев, но не му се тие целосни. Би сакал да дадам неколку аргументи, уверение за положени испити од прв циклус издадено на 27.12.2022 година, го имате ли тоа од истиот универзитет кој го цитирате? Тоа е дека студентот Бојан Христовски се стекнал со 180 кредити и истите овие предмети се препишани на уверението една година подоцна 14 август 2023 година, вкупно 39 заклучно со дипломскиот труд. Првичното уверение има 31 испит од 27.12.2022 тоа се 180 кредити и за една година се положени уште 8 предмети за стекнати 240 кредити“, изјави премиерот Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.