Македонија
Македонскиот концепт: Бараме силна реакција на државата и за тие што палат и газат македонски знамиња и за тие што од заднина организираат вакви настани

„Бараме итна и силна реакција на државата, и за тие кои ги видовме на екраните како палат и газат македонски знамиња, и за тие што од позадина организираат вакви настани, и за тие во МВР и АНБ, кои потфрлија со превенција за заштита на јавниот ред и поредок во земјава“, велат од Македонски концепт.
„Ова не смее да остане без силен одговор од државата. Вчерашните настани се терористичко загрозување на уставниот поредок и мора да се третираат согласно член 313 од КЗ, …”општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.
Криминалните структури и марксистичко – ленинистичките банди доселени во земјава за време на комунистичкиот период, се промотори на албанскиот етнички шовинизам, кој е катализатор за дестабилизација на НАТО и спречување на проширувањето на ЕУ на Балкан. Истиот е неопходно да се осуди и санкционира и од меѓународните фактори. Очекуваме реакција на ЕУ и НАТО во таа насока, особено на стратешкиот партнер САД“, соопшти Македонски концепт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
„Навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, извести Државната изборна комисија.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.