Забава
Принцезата од Велс испрати божиќно писмо: „Љубовта е најголемиот подарок“

Кејт, принцезата од Велс, во порака до гостите, кои ќе присуствуваат на нејзината годишна служба на божиќните песни во Вестминстерската опатија во Лондон неделава, рече дека љубовта е најголемиот подарок што луѓето може да си го дадат едни на други. Концертот на божиќната песна на 6 декември, четвртиот што таа го води, е и повод за нејзиното најзначајно враќање на кралските ангажмани откога беше подложена на превентивна хемотерапија против рак.
Во писмото испратено на адресите на 1.600 гости, Кејт (42), сопруга на престолонаследникот, принцот Вилијам, се навраќа на темите за љубовта и потребата од емпатија за кои зборуваше во претходните многу лични изјави и снимки за своето здравје.
View this post on Instagram
„Божиќ не е само време за славење, туку и за размислување и ослободување од притисоците на секојдневниот живот“, се вели во нејзиното писмо.
„Божиќната приказна ги одразува нашите ранливости и колку луѓето имаат потреба еден од друг и покрај нивните разлики“, рече таа. „Пред сè, нè поттикнува да се свртиме кон љубовта, а не кон стравот“, напиша таа. „Таа љубов е најголемиот подарок што можеме да го добиеме. Не само на Божиќ, туку секој ден од нашиот живот“, рече таа.
Вилијам, кој претходно овој месец рече дека оваа година била брутална за кралското семејство со лекувањето на Кејт, кое следуваше по дијагнозата на рак на татко му, кралот Чарлс, ќе чита за време на службата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џесика Алба е на одмор во Европа со својата ќерка Онор, објави заеднички фотографии

Џесика Алба е во Европа со својата 17-годишна ќерка Онор, а на Инстаграм објави фотографии од нивниот заеднички одмор.
„Прекрасни, вечни моменти со моето мало девојче“, напиша 44-годишната актерка, а набрзо од нејзините обожаватели и следбеници беа преплавени со комплименти.
Многумина напишаа дека Онор многу личи на нејзината мајка.
Во јуни, мајка и ќерка заедно присуствуваа и на венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, а актерката и тогаш сподели нивни заеднички фотографии.
Фото: принтскрин
Забава
Северина настапи во Словенија во проѕирен црн фустан, објави фотографии

Северина настапи во Порторож, а нејзиниот фустан дизајниран од Матија Вуица привлече посебно внимание. Пејачката објави фотографии и видео од концертот, а воедно ја искористи можноста да ѝ го честита роденденот на познатата хрватска дизајнерка.
„Ова не се обични фотографии, ова е гордост и среќа што (повторно) дојдов во Порторож… Ќе видите во видеата. А овој фустан е креација на една посебна жена. Среќен и благословен е овој ден, бидејќи таа се роди и го збогатува мојот живот повеќе од 30 години. Уметница, сопруга, пријателка, се роди единствената и единствена Матија Вуица. Среќен роденден, ангелу…“, напиша пејачката покрај фотографиите на кои позира во проѕирен црн фустан украсен со детали од чипка и шлиц што ги открива нејзините нозе.
„Северина, годините не ти можат ништо“; „Обожавам кога останувам без зборови“, „Опасна си, Севе“, „Старееш наназад“, беа комплиментите од нејзините обожаватели.
Подоцна, пејачката објави видео од концертот, на кое се гледа каква била атмосферата.
Забава
(Фото) Пејачката ги извади силиконските импланти и облече тесен фустан со гол грб, објавија српските медиуми

Наташа Беквалац со години важи за една од најубавите пејачки во Србија и регионот, а единственото вештачко нешто што го носеше беа силиконските гради.
Беквалац одлучи да ги отстрани и да биде целосно природна, а на концерт покажа како изгледа, објавија српските медиуми.
Таа на настапот ја воодушеви публиката и со својот глас и со својата фигура.
Долгиот, лелеав фустан што ја откриваше секоја линија од нејзиното тело совршено ѝ стоеше, а предниот дел ги покажуваше нејзините природни гради, кои Наташа гордо ги претстави.
Наташа Беквалац веќе некое време е во Црна Гора со своите ќерки и најблиските пријателки, а веќе неколку пати го привлече вниманието на јавноста со својот изглед и провокативните фотографии на плажа.
Фото: принтскрин